TehnoAuto-Kvalitetot i sigurnosta pred se

Фирмата ТЕХНО АУТО е формирана во Ноември 1990 година во Скопје.

Компанијата располага со сопствен деловен простор, продавница, изложбен салон, магацин и 3 товарни возила за транспорт на производите до своите купувачи.

Основна дејност на фирмата е продажба, проектирање и изведување на сите видови системи од областа на климатизација, греење, ладење и вентилација.

ТЕХНО АУТО чекори со времето, ги прати светските трендови и иновации во полето на термотехничките инсталации како и обновливите извори на енергија и секогаш се труди на своите купувачи да им понуди најдобри производи од европски и светски реномирани производители.

Тимот на ТЕХНО АУТО е постојано спремен да Ви излезе во пресрет, да ги сослуша Вашите потреби од областа на греење, климатизација и вентилација и да Ви понуди најдобро можно решение.
Целата палета на производи со кои располага ТЕХНО АУТО поседуваат сертификати за квалитет од најпрестижните европски и светски институти за испитување и потврдување на квалитетот и исправноста на производите.

Брендови и производи од широката палета на ТЕХНО АУТО, за кои што сме генерални застапници и кои постојано ги имаме на лагер во нашите магацини:

 

ThermoFLUX –  котли и камини на пелети и дрва

Pekpan – панелни радијатори

Topling – котли на пелети и биомаса

Sparrow, Dik fagus – пелети

Kostopoulos – челични котли на гас/нафта

Ecoflam – горилници и котли на гас/нафта

Eden – фенкојлери (парапетни, касетни, плафонски, каналски)

Rhoss – топлински пумпи

Mekar – клима комори, рекуператори

K-Flex – термо изолација (цевка и ролна)

Valsir – алупласт цевка

Itap – вентили, спојки, фитинзи