97-ecologic-lijevomali-1-1456239333

EcoLogic автоматски котел на пелет

THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

EcoLogic автоматски котел на пелет

  • Специјално ложиште со температурно отпорен шамот
  • Автоматско чистење на цевните изменувачи и ложишето
  • Потполно искористување на енергенсот со минимална емисија на гасови
  • LCD екран во боја, чувствителен на допир
  • Поврзување со интернет и целосна контрола на котелот

Чистење на котелот по 1000 kg потрошени пелети.

Чистење на котелот еднаш годишно.

Котелот EcoLogic е котел од највисока класа во рангот на најсовремените и најмодерни котли на Европскиот пазар. Создаден е како резултат на соработката меѓу нашите професионалци со реномирани институти во Германија и Австрија.

Котелот е опремен со еден од најсовремените регулатори со TFT екран во боја чувствителен на допир. Управувањето и контролата на самиот котел е многу едноставна.

Регулаторот поддржува спојување со 3 циркулациони пумпи, мотор за мешачкиот вентил и акумулационен резервоар за топла вода. Прилагодлив на 10 различни начини на спојување на инсталации на централно греење.

Зошто е најдобар?

Ложиштето на котелот е обложено со специјален шамот кој овозможува висока температура на согорување а со самото тоа и висок степен на искористување на енергенсот. Котелот има систем за автоматско чистење на решетката во ложиштето и цевните изменувачи што овозможува потпала и беспрекорна работа на котелот. Чистење на кутијата за пепел е потребно по потрошени 1000kg пелети. Комплетно чистење на котелот е потребно да се изврши еднаш годишно.

Можноста за поврзување со интернет како и управувањето на работата на котелот со помош на надворешен термостат му овозможуваат на корисникот висок комфор со минимална цена за греење.

Дополнителна опрема:

  • Како дополнителна опрема може да се нарача модул за спојување преку интернет кој е компатибилен со сите Android, IOS и Windows уреди. Корисникот може преку апликации да има потполна контрола над котелот (уклучување/исклучување, промена на јачина, температура и програма)
  • Исто така модулот може да се поврзе со надворешен термостат, со чија помош регулаторот ја контролира работата на котелот и температурата на водата врз основа на надворешната температура.

97-ecologic-lijevomali-1-1456239333
97-webelset-1458644009

97-webecologicpresjek-1458643670

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Технички карактеристики

Општи податоци  EcoLogic 35
1 Максимална јачина kW 35
2 Минимална јачина kW 11
3 Приклучок на ел. енергија (Напон / Фреквенција) V,Hz 220 V, 50 Hz
4 Приклучок на ел. енергија (Струја) A 10
5 Класа на котел 5
6 Максимален дозволен работен притисок bar 3
7 Максимална дозволена температура на излез °C 80
8 Минимална дозволена температура на поврат °C 60
9 Гориво Пелет C1 по EN 303-5:2012 табела 7;
Содржина на влажност понизок од 12%
10 Потрошувачка на пелети min / max kg 2,35 / 7,5
11 Количина на пелети во резервоарот kg 280
12 Минимална димензија на отворот за довот на свеж воздух cm 30 x 10
Технички податоци на котелот и приклучоци
1 Ширина mm 1561
2 Висина mm 1535
3 Длабочина mm 758
4 Содржина на вода во котелот l 80
5 Тежина kg 420
6 Висина на одвод / довод mm 685 / 1407
7 Минимален подпритисок на оџакот Pa / mbar 5 / 0,05
8 Висина на оџакот mm 1566
9 Дијаметар на оџак Ø 130

Сертификат

Надворешен линк