Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.
Csen-Hcen
Касетни вентилоконвектори во 16 различни големини за 2 и 4 цевен систем, со далечинска инфраред команда или за нормален термостат за монтажа на ѕид.
Носечката структура е направена од цврст галванизиран метален лим кој на 4 агли е појачан со држачи за полесна монтажа на плафонот. Термичката и звучна изолација е полистирен додека надворешната изолација е од затворени ќелии. Инсталацијата е многу лесна и брза. Двете верзии 60×60 (CSEN) и 90×90 (HCEN) се оспособени за инсталација на приклучок со жалузина за свеж воздух (со кружни или правоаголни облици припремени (перфорирани) на лимот.
• 8 големини
• 4 верзии за инсталирање
• Капацитет на ладење: 1,09 ÷ 10,50 kW
• Капацитет на греење(50°):1,55 ÷ 12,00 kW
• Капацитет на греење(70°): 2,59 ÷ 19,89 kW
• Проток на воздух: 255 ÷ 1.274 m3/h

Нискозвучна изведба HCE4S касетни фенкоилери
Елеганција, квалитет и тивка работа се карактеристиките кои ја обележуваат палетата водни касетни производи HCE4S. Квадратната форма и димензиите 90х90cm го прават овој производ соодветен за монтажа во стандардни тавани кои при тоа се и модерни и со одличен изглед.
Едноставна монтажа
Конформацијата на уредот овозможува проток на воздухот благодарение на соодветните дупки во самата структура во која може да се поврзе мало циркуларно црево.Уредот исто така содржи циркуларна дупка за отсис на воздух.
4-брзински мотор – Четвртата брзина дозволува брзо достигнување на саканата температура.
Модули – Дозволува едноставна монтажа на стандардни тавани
Инфрацрвен далечински управувач – Благодарение на инфрацрвениот далечински управувач можно е поставување параметри на едноставен и удобен начин.
Маска
Модерна и елегантна маска која може да се монтира во секој амбиент. Стандардна боја е бела RAL 9003 (на барање се достапни и други бои). Изработена од висококвалитетна пластика. Се монтира брзо и едноставно. Централната решетка на отсис на воздух вклучува филтер за чистење на воздухот и истата може лесно да се извади без вадење на панелката од таванот.
Структура
Изработена од дебел галванизиран метал и вклучува надворешни спојки сместени на четирите агли за поедноставна монтажа. Внатрешната термална и акустична изолација е изработена од стиропор, надворешната е од затворен тип на ќелии. Главната структура може да се сетира да транспортира воздух до посебни соби како и да внесува надворешен воздух.
Филтер
Содржи рамка изработена од пластичен материјал кој содржи сектор за филтрирање во предниот панел. Лесно се монтира и едноставно се одржува.
Инфрацрвен далечински управувач
Рачниот далечински управувач е едноставен за употреба и ги прикажува сите функции кои може да се подесуваат за да се достигне најдобра удобност.
Sleep функција
Оваа функција сама ја подесува температурата во текот на ноќта. Со режимот на ладење или одвлажнување, поставената температура постепено се зголемува за 2° C во текот на првите два часа, при режим на ладење постепено се намалува за 2° C. Покрај оваа функција, може да се програмира и автоматското исклучување.
Автоматско прилагодување на воздухот
Автоматското движење на дефлекторите го прилагодува движењето на воздухот кое е насочено одгоре надолу и обратно за оптимапно ширење на воздухот а со тоа и обезбедување најголема удобност. Со помош на далечинскиот управувач може да се управува движењето на перките и воздухот да се насочи во посакуваната позиција.
Топлински разменувач
Разменувачот е изработен од бакарна жица со алуминиумски перки прицврстени на цевките. Хидрофилниот третман на алуминиумските перки ги прави отпорни на корозија и го намалува отпорот на воздухот. Со рамка од галванизиран лим, ¾ “ женски приклучок за вентилите, топлиноизменувачот лесно се лоцира на рамната страна на уредот.
Елиминирање на кондензација
Системот содржи внатрешна кадичка изработена од пластика за кондензација од топлинскиот изменувач и надворешна помошна кадичка изработен аод пластика или метал, за кондензација од цревата и вентилите. Електричната пумпа која е внатрешен дел од уредот е поврзана со надворешниот приклучок. За добра работа на водената касета се препорачува двоен или троен вентил.
Вентилација
Ефикасен и тивок вентилатор составен од центрифугален вентилатор со единечен пластичен влез. Статички и динамички балансисран. 4 брзински електричен мотор со заштита од преоптоварување. Изработен по интернационални стандарди.
Надворешен линк
Сертификат
Сертификат