THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

THERMOFLUX ТК КОТЕЛ НА ДРВА (ЦВРСТО ГОРИВО)

МОЌНОСТИ:  20kW, 28kW, 35kW, 45kW

  • НАМЕНЕТ Е ЗА ЛОЖЕЊЕ НА ДРВА, ЈАГЛЕН, БРИКЕТИ
  • КОНСТРУИРАН СО ЦЕВНИ ИЗМЕНУВАЧИ
  • ЗГОЛЕМЕНА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ЕНЕРГЕНСОТ
  • ГУСАНА РЕШЕТКА ВО ЛОЖИШТЕТО
  • ЛЕСНО ЗА ЛОЖЕЊЕ И ЧИСТЕЊЕ

Во согласност со барањата на пазарот и искуството ThermoFLUX создаде и котел на дрва (цврсто гориво).  Котелот е предвиден за ложење на сите видови цврсто гориво (дрво, јаглен, брикет). Наменет е за загревање на стамбени и деловни простори. Изработен е од квалитетен сертифициран челик со дебелина од 5mm во ложиштето и се произведува со јачини од 20kW, 28kW, 35kW и 45kW.

Конструиран е со цевни изменувачи што овозможува многу поголемо искористување на енергенсот во споредба со класичните котли на цврсто гориво. Цевните изменувачи ја зголемуваат површината преку која топлината се пренесува во водата, прават дополнителна задршка на огнот односно топлотната енергија која што се ослободува при процесот на горење, со што ја намалуваат температурата на димните гасови и непотребната загуба на топлина низ оџакот, а со самото тоа ја намалуваат потрошувачката на енергенсот.

Основата на ложиштето ја сочинува масивна гусана решетка која и при највисоки температури останува недеформирана и долго ја задржува топлината.

Вратата за потпала, ложење и чистење e изработенa во иста ширина како и котелот што го прави лесен за одржување. Котелот има отвори за приклучување на топлински вентил и експанзионен сад.

Се испорачува со монтирано куќиште, термостат за вода и прибор за чистење.

Kotel_na_drva_THERMOFLUX_TK

Котел на дрва THERMOFLUX TK

Котелот THERMOFLUX ТК е со единствен дизајн заради цевните изменувачи. Хоризонталните цевни изменувачи го зголемуваат искористувањето на енергенсот и го намалуваат непотребното губење на топлина.

TKFRONTTK2TK1tkvatra

Масивната гусана решетка која го сочинува ложиштето останува недеформирана и при највисоки температури и долго ја задржува температурата.
Големата врата овозможува многу лесно и едноставно ложење и чистење на котелот.
Конструкцијата на котелот обезбедува високо искористување и потполно согорување на енергенсот.

 

Технички карактеристики

јачина ТК 20 ТК 28 ТК35 ТК 45
1 Топлински учинок kW 15-22 23-30 33-40 40-50
2 Содржина на вода во котелот l 55 65 85 95
3 Маса на котелот kg 251 283 323 363
4 Доводен/повратен вод 5/4’ 5/4’ 5/4’ 5/4’
5 Максимална работна температура C 85 85 85 85
6 Максимален работен притисок bar 3 3 3 3
7 Висина на излез на оџакот mm 1000 1000 1000 1000
8 Длабочина на котелот mm 795 795 940 1070
9 Ширина на котелот mm 415 515 515 515
10 Висина на котелот mm 1255 1255 1255 1255
11 Дијаметар на оџакот mm 160 160 160 160
12 Висина на одвод/поврат mm 1285/405 1285/405 1285/405 1285/405
13 Мин/макс температура на водата на излез °С 55/85 55/85 55/85 55/85
14 Отвор на товарна врата (в и ш) mm 250×240 250×340 250×340 250×340
15 Максимална должина на цепеница mm 410 410 550 680
16 Гориво Дрво, јаглен Дрво, јаглен Дрво, јаглен Дрво, јаглен
17 Излез на оџакот (горе, назад) назад назад назад назад

Каталог

Сертификат

Надворешен линк