image

Горилници на нафта Maior P – AB

Maior P-AB моделот е двостепен пламеник на нафта, дизајниран за инсталација на модерни котли со висок отпор при согорувањето во ложишниот простор. Наменет е за големи капацитети, пред се за индустриски потреби. Maior P-AB моделот е опремен со сервомотор, кој овозможува воздушно усогласување на првото и второто ниво на пламен.
Овој систем гарантира правилно согорување, дури и при услови на низок пламен. Контролната табла инсталирана на MAIOR пламеникот овозможува преглед пред секој почетен круг, контролира безбедно стартување и мониторинг на параметрите на согорувањето.

Алуминиумско куќиште до Maior P 200.1 и челично куќиште од P 300.1 со електричен панел интегриран на горилникот.
Флексибилна глава за согорување на горилникот која во целост може да се приспособи на било кој облик на ложиштен простор.
Двостепена верзија достапна со хидраулички систем или серво мотор со две дизни од Maior P35 до Maior P300.1 и со 3 дизни до Maior P 600.1.
Новоразвиен пропорционален систем за прогресивна PR и модуларна MD верзија.
Модуларна верзија со PID контролер со дигитален дисплеј и приказ на параметри во реално време.
Прогресивна или модуларна дизна со повратен проток. Систем за затварање на дизната со електромагнетен вентил од Maior P700.1.
Глава за согорување со флексибилен систем за приспособување на примарен воздух според баран капацитет.
Лесно одржување со систем на шини за лизгање на горилникот. Како дополнителна опрема на барање од Maior P300.1 и во стандардна опрема од Maior P 700.1.
Сите карактеристики на горилниците се флексибилни и одговараат на различни типови на домашни, комерцијални и индустиски инсталации.
Специјален кит комплет за биодизел гориво на барање.
Континуирана вентилација на барање Специјална верзија со тростепена регулација на барање
Duo Block , Maior TS 300-25000 kW.

 

Каталог MAIOR

Сертификат

Надворешен линк