image

Горилници на мазут Oilflam

Новиот OILFLAM систем е резултат на дизајн креиран со големо внимание, кое обезбедува рационална и еколошка употреба на тешки горива (мазут), десулфирани горива (ECODEN, ECOFUEL).
Големиот избор на модели може да ги задоволи комерцијалните и индустриските потреби.
Сите OILFLAM пламеници нудат ефикасност, чисто согорување и многу ниско ниво на загадувачки емисии, покрај тоа обезбедуваат заштеда на енергија а при тоа се пријателски ориентирани кон околината.

– Висока ефикасност и високи перформанси при согорување на главата на пламеникот
– Операциите може да се активираат со емулзија
– Хидрауличен круг на довод на горивото со моментален и сигурносен прекин на довод, исклучување на пламеникот и комплетен бајпас на довод на гориво за време на фазата вентилирање.
– Предгрејач со двојно функционален прецизен термостат
– Сигурен антигас вентил
– Безбедни автоматски операции, инсталирани автоматски склопови од реномирани производители
– Едноставно се инсталира и прилагодува
– Едноставен пристап до главата и внатрешните делови, кој овозможува едноставно одржување
– Практична и комплетна контролна табла

· Алуминиумско куќиште до Oilflam 200.1 со интегриран електричен панел. Челично куќиште од 300.1 со електричен прекинувач интегриран на него или настрана засебно. Сите горилници се комплетирани со систем за предгревање.
· Прилагодлива глава за согорување со фина регулација која одговара на различни облици на комори за согорување.
· Гас пилот палење како опција од Oilflam 300.1
· Двостепена верзија достапна со електричен сервомотор со две дизни од Oilflam 50.1 до Oilflam 300.1 и со 3 дизни до Oilflam 600.1.
· Модуларна верзија со PID систем контролер со дигитален дисплеј и со отчитување на параметри во реално време.
· Прогресивна и модуларна изведба со дизни со поврат на проток на гориво. Систем за исклучување на довод на гориво контролиран од електромагнетен вентил за верзии од Oilflam 50.1.
· Лесно одржување заради прирабницата на зглоб (Oilflam 15.1-200.1 & 1500.1-1800.1) и заради шините водилки (Oilflam 300.1-1200.1).
· Дигитален терморегулатор “GEFRAN” интегриран на предниот панел гарантира стабилност на температурата на горивото од Oilflam 300.1.
· Верзија “D” со дополнителен грејач за работа со мазут (100 ° E на 50 ° C) и задржување на стабилна температура на гориво за време на стендбај период.
· Самопрочистителен филтер кај предгрејачот за да ја држи чиста дизната од Oilflam 300.1.
· Специјални верзии за сите типови на апликации и карактеристики на гориво на барање.
· Duoblock ранг 290 – 25000 kW.

Сертификат

Надворешен линк