Написи

Котли на дрвена сечка и пелет EcoChip 150kW и 300kW

THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

pellet_sjecka

Топловодниот котел EcoChip 150 и 300 е предвиден за ложење на дрвена сечка и дрвен пелет. Овие горива спаѓаат во обновливи извори на енергија и нивното користење овозможува огромни заштеди.

Системот на работа му овозможува на корисникот комфор при употреба, како и минимални обврски околу одржувањето. Котлите се опремени со автоматски полжав за внес на горивото, автоматска потпала и повеќе нивоа на термичка заштита.

Технологијата на изработка на котелот со најсовремени компоненти го прават сигурен во работата и лесен за управување. Благодарение на модуларната конструкција, поставувањето и приклучувањето на котелот е многу едноставно.

Котлите од серијата EcoChip испуштаат најмалку штетни емисии и овозможуваат максимално искористување без оглед на степенот на работа, што се должи на најсовремената контролна регулација со вградена ламбда сонда, при што согорувањето во секој момент е прилагодено на јачината на греење.

ПРЕДНОСТИ:

–  ЕДНОСТАВНО УПРАВУВАЊЕ СО КОТЕЛОТ

– ЗАФАЌААТ МАЛ ПРОСТОР И БЛАГОДАРЕНИЕ НА МОДУЛАРНАТА ИЗВЕДБА ОВОЗМОЖУВААТ ЛЕСЕН ПРИСТАП

– НИСКА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА

– МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ БЕЗ ОГЛЕД НА СТЕПЕНОТ НА РАБОТА

– ИЗРАБОТЕН ОД ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ МАТЕРИЈАЛИ

– НИСКА ЕМИСИЈА НА ШТЕТНИ ГАСОВИ

 

Дополнителни информации

Предности кои го истакнуваат EcoChip котелот во нашиот регион:

– Наменет е за согорување на дрвена сечка и пелети

– Автоматска регулација опремана со ламбда сонда

– Ниска цена на енергенсот

– Автоматско чистење на ложиштето  и изменувачите

– Голема автономија во работата

– Едноставно одржување

– Голема заштеда со минимален напор (човечкиот фактор е сведен на минимум)

20-webpresjek-1458640181  20-ecochip150-2-1456239422

Намена – Котелот е наменет за индустриски кои имаат голема потреба од енергија.  Греењето на сечка е долгорочна и најисплатлива инвестиција. Најголема предност на овој котел е тоа што може да согорува сечка со висок степен на влажност. Поточно околу 3m3 сува сечка заменува 1t пелети. Цената на сечката е секогаш ниска затоа што за нејзината припрема не се потребни хали и комплекси. Загревањето на објект со сечка е неспоредливо поефтино во споредба со загревањето на пелети.

Регулација – Регулацијата со екранот на допир во боја е многу едноставна. Комората за согорување е направена од специјален високо-температурен шамот што овозможува целосно искористување на сите енергенси кои се користат.

– Согорувањето е управувано од ламбда сонда. Ламбда сондата постојано ги контролира димните гасови и управува со доводот на примарниот и секундарниот воздух, така секогаш има совршени вредности на согорување и се постигнуваат најниски вредности на емисии без разлика на степенот на работа на котелот и горивото кое го користи. Резултатот е мала потрошувачка на горивото и ниски емисии на штети гасови.

– Системот на автоматско чистење на ложиштето ни овозможува сигурна потпала и довод на воздух за согорување.

– Вградениот механизам за чистење на цевните изменувачи со тубулаторите се активира во текот на работата со што постојано обезбедува чиста површина без потреба на работна рака на корисникот.

– Исфрлање на пепелот од ложиштето е во подвижна кутија

– Котелот е опремен со повеќе нивоа на термичка заштита

dobavljac_thumb dozator_thumb eco_logic_sa_ciscenjem_izmjenjiv

Технички податоци

Општи податоци  E.M  EcoChip 150   EcoChip 300
1 Максимална јачина kW 150 300
2 Минимилна јачина kW 50 100
3 Електроприклучок (Јачина / Фрекфенција) V,Hz 400 / 50400/50
4 Температура на димни гасови °C <160 <160
5 Максимален дозволен работен притисок bar 33
6 Максимална дозволена работна температура на котелот °C 85 85
7 Минимална дозволена работна температура на котелот °C 60 60
8 Гориво Дрвена сечка / пелет Дрвена сечка / пелет
Технички податоци на котелот и приклучоци
1 Ширина  mm 2300 3700
2 Висина / со bypass mm 2000 / 2430 2500
3 Длабочина mm 1250 1600
4 Содржина на вода во котелот l 420 770
5 Ширина  (вентилатор-котел-дозатор) mm 3700 4610
6 Težina kotla kg 1800 4350
7 Visina odvoda/ povrat mm 1900/160 2080/615
8 Минимален  подпритисок на оџак Pa / mbar 20-30 / 0,2 – 0,3 20-30 / 0,2 – 0,3
9 Висина на излез на оџакот mm 2000 2170
10 Пречник на оџак Ø 250 300

Сертификат ISO 9001 THERMOFLUX

Надворешен линк

 

 

EcoLogic автоматски котел на пелет

THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

EcoLogic автоматски котел на пелет

  • Специјално ложиште со температурно отпорен шамот
  • Автоматско чистење на цевните изменувачи и ложишето
  • Потполно искористување на енергенсот со минимална емисија на гасови
  • LCD екран во боја, чувствителен на допир
  • Поврзување со интернет и целосна контрола на котелот

Чистење на котелот по 1000 kg потрошени пелети.

Чистење на котелот еднаш годишно.

Котелот EcoLogic е котел од највисока класа во рангот на најсовремените и најмодерни котли на Европскиот пазар. Создаден е како резултат на соработката меѓу нашите професионалци со реномирани институти во Германија и Австрија.

Котелот е опремен со еден од најсовремените регулатори со TFT екран во боја чувствителен на допир. Управувањето и контролата на самиот котел е многу едноставна.

Регулаторот поддржува спојување со 3 циркулациони пумпи, мотор за мешачкиот вентил и акумулационен резервоар за топла вода. Прилагодлив на 10 различни начини на спојување на инсталации на централно греење.

Зошто е најдобар?

Ложиштето на котелот е обложено со специјален шамот кој овозможува висока температура на согорување а со самото тоа и висок степен на искористување на енергенсот. Котелот има систем за автоматско чистење на решетката во ложиштето и цевните изменувачи што овозможува потпала и беспрекорна работа на котелот. Чистење на кутијата за пепел е потребно по потрошени 1000kg пелети. Комплетно чистење на котелот е потребно да се изврши еднаш годишно.

Можноста за поврзување со интернет како и управувањето на работата на котелот со помош на надворешен термостат му овозможуваат на корисникот висок комфор со минимална цена за греење.

Дополнителна опрема:

  • Како дополнителна опрема може да се нарача модул за спојување преку интернет кој е компатибилен со сите Android, IOS и Windows уреди. Корисникот може преку апликации да има потполна контрола над котелот (уклучување/исклучување, промена на јачина, температура и програма)
  • Исто така модулот може да се поврзе со надворешен термостат, со чија помош регулаторот ја контролира работата на котелот и температурата на водата врз основа на надворешната температура.

97-ecologic-lijevomali-1-1456239333
97-webelset-1458644009

97-webecologicpresjek-1458643670

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Технички карактеристики

Општи податоци  EcoLogic 35
1 Максимална јачина kW 35
2 Минимална јачина kW 11
3 Приклучок на ел. енергија (Напон / Фреквенција) V,Hz 220 V, 50 Hz
4 Приклучок на ел. енергија (Струја) A 10
5 Класа на котел 5
6 Максимален дозволен работен притисок bar 3
7 Максимална дозволена температура на излез °C 80
8 Минимална дозволена температура на поврат °C 60
9 Гориво Пелет C1 по EN 303-5:2012 табела 7;
Содржина на влажност понизок од 12%
10 Потрошувачка на пелети min / max kg 2,35 / 7,5
11 Количина на пелети во резервоарот kg 280
12 Минимална димензија на отворот за довот на свеж воздух cm 30 x 10
Технички податоци на котелот и приклучоци
1 Ширина mm 1561
2 Висина mm 1535
3 Длабочина mm 758
4 Содржина на вода во котелот l 80
5 Тежина kg 420
6 Висина на одвод / довод mm 685 / 1407
7 Минимален подпритисок на оџакот Pa / mbar 5 / 0,05
8 Висина на оџакот mm 1566
9 Дијаметар на оџак Ø 130

Сертификат

Надворешен линк