Thermoflux Interio 22 nov model

THERMOFLUX INTERIO 22kW нов модел

Почитувани,
Чест ни е да Ви го претставиме новиот редизајниран модел на котелот THERMOFLUX INTERIO 22kW!
Новиот модел се одликува со препознатлив дизајн и едноставност во употребата како и одржувањето. Со уште помали димензии во однос на претходниот, им пружа на коисниците можност за сместување и во најмалите простори.
Вградената тробрзинска циркулациона пумпа Grundfos 25/6, експанзионен сад и сигурносен вентил го прават уште поедноставен за употреба, а пак вградениот полуавтоматски механизам за чистење многу ја олеснува неговата употреба и одржување давајќи му предност пред на него сличните производи.
Котлите THERMOFLUX INTERIO 22kW се максимално изолирани така што целата топлотна енергија ја предаваат на инсталацијата (радијатори, подно, фенкојлери или други грејни тела).
Внатрешната страна на вратата на котелот е обложена со специјален материјал вермикулит чија функција е максимална изолација на вратата како и дополнителна задршка на топлотната енергија што се ослободува при горењето на пелетите со што допринесува за уште поголема ефикасност на котелот.
Воедно вермикулитот прави и абсорпција на CO2 честичките со што ја зголемува еколошката ефикасност на котелот.

Theroflux Interio 22kW THERMOFLUX INTERIO 22KW ThermoFLUX Interio 22
За повеќе информации обратете се во ТЕХНО АУТО.
http://tehnoauto.com.mk/
022 463 333 / 071 257 086