ТОПЛИНСКИ ПУМПИ / ЧИЛЕРИ СО ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ

 

 

rhoss 01 rhoss 02

­RHOSS – ЈА СОЗДАВА ВАШАТА УДОБНОСТ

RHOSS е компанија специјализирана за дизајн и производство на уреди и системи за климатизација. Повеќе од 40 години RHOSS гарантира квалитет, иновација и врвна услуга, што го прави совршен партнер за греење, ладење и климатизација.

Целта им е создадавање на термичка удобност во домовите, при тоа заштитувајќи ја и природата.

Постојаното инвестирање во истражување и развој, допринесува во збогатувањето на понудата спрема клиентите, прифаќајки ги најиновативните технолошки решенија. Преку развојот и интернационалната експанзија се создава стандард и препознатлива слика на брендот.

Фабриката RHOSS, својата филозофија ја базира на основниот принцип: тестирање на произведените уреди во сите услови во кои може да се користат и на тој начин гарантира:

  • Совршена работа под различни услови.
  • Ефикасност при полно или парцијално оптоварување.
  • Постојана операција особено во најкритични услови: места со сурова клима каде топлината на воздухот достигнува 50°C или се симнува под -15°C.
  • Можност за тестирање на производите од страна на крајните купувачи. RHOSS нуди производи со поголем или помал капацитет гарантирајќи дека сите компоненти функционираат совршено.

Сертификати кои ги поседуваат:

  • LEED (Leadership in Energy and Environmental Design) што значи Лидерство во еколошки и енергетски дизајн, кој сам по себе гради протокол за грижа за природата. Системот се базира на целосниот процес на изградба на зградата од проектирањето до изградбата како и менаџментот и одржувањето.
  • EUROVENT certification for CHILLERS, HEAT PUMPS (CCP-HP) AND FAN-COILS (FCU) (2) (сертификат за чилери, топлински пумпи и фенкојлери)
  • EUROVENT certification for AIR HANDLING UNITS (AHU) (2) (сертификат за климакомори.

RHOSS промовира енергетски ефикасни згради. Се однесува на производи или системи создадени со технологија која овозможува намалување на енергијата потребна за системот за греење, ладење и вентилација, без намалување на удобноста на зградата во која се наоѓа. Зелените ознаки на производите на RHOSS ја означуваат почитта на RHOSS спрема природата.

Rhoss 06 Rhoss 07 Rhoss 08Rhoss 09       Rhoss 10        Rhoss 11

Производите на RHOSS се поделени во неколку подгрупи:

Применети системи: чилери, фенкојлери (вентилоконвектори) и терминални уреди за јавна, комерцијална и индустриска примена за мали и големи погони.

Топлински пумпи: топлински пумпи и решенија за греење, ладење и топла вода особено за станбени и мали деловни простори.

Климатизација: уреди за климатизација на комерцијални и индустриски простори одвлажнувачи на базени во затворени простори.

ИНОВАТИВНИ ТОПЛИНСКИ ПУМПИ од 5 – 1635 kw

– Врвни перформанси
– Високо енергетски ефикасни системи
– Компресори тип: Scroll, Screw
– СОР до 7,5
– Комплетни решенија за климатизација, ладење и греење и продукција на санитарна топла вода
– Со воздушно или водено ладени кондензатори
– За надворешна или внатрешна монтажа
– Еколошки фреон R410A
– Голема палета на различни технички изведби
– Широк избор на дополнителна опрема
– Сертификати од највисоко реномирани европски и светски институти за испитување и потврдување на квалитетот на производите

Tehno Auto Official Distributor for Rhoss

Надворешен линк

Модел Electa

Модел Miny Y NF

Модел Compact EXP

Модел Y Flow

RHOSS топлински пумпи Power range

RHOSS чилери Air handling systems Next Air

50 години RHOSS Rhoss 50th years