Упатство за употреба на камин INTERIO
Камините на пелети THERMOFLUX INTERIO се произведуваат во ранг на моќности од 14 kW, 20 kW и 25 kW.
Камините INTERIO од брендот на THERMOFLUX претставуваат уникатен спој на максимална функционалност и елегантен модерен дизајн. Камини (печки на пелети) какви што отсекогаш сте сакале да имате во вашиот дом, со врвен квалитет, а воедно и по одлични цени. Ви овозможуваат централно греење со врвна естетика и поглед на преубав пламен.
THERMOFLUX Камините на пелети се рангирани во највисоката европска класа на котли и камини (печки) на пелети, а тоа е престижната класа 5.
Камините THERMOFLUX INTERIO се наменети за поврзување со инсталација за парно греење (на пример: радијаторско, подно, или фенкојлерско греење).
Самите од себе во просторот каде што се поставени зрачат со енергија од 2-3 kW, а останатата топлинска енергија ја предаваат на инсталацијата (пример на радијаторите, подното или други грејни тела).
Камините THERMOFLUX INTERIO се опремени со комплетна сoфистицирана автоматика, бренер со керамички греач, резервар за пелети од 30kg, ложиште со гусана чашка во која горат пелетите, цевни изменувачи, пепелник, експанзионен сад, циркулациона пумпа GRUNDFOS 25/6 тробрзинска, сигурносен вентил, термостатски сонди вклучително и сонда на оџакот (која не дозволува загуба на топлина низ оџакот), италијанска украсна керамика како и керамичко високоотпорно стакло, се ова е вклучено во цената.
Каминот го карактеризира цврста, перфектна челична конструкција (со тежина од 204 kg до 233 kg соодветно јачината на моделот) која што е обложена (украсена) на горната плотна и странично со италијанска, рачно изработена керамика.
Поради нивната прекрасна естетика Камините THERMOFLUX INTERIO се наменети за сместување во собата за дневен престој, салон или можеби спална, кујна или поголем ходник.
Убавиот и висок пламен кој се гледа низ големото керамичкото стакло, како и самата керамика создаваат топла и пријатна атмосфера во просторот. Било да одберете бордо, бела или мермер беж (кремаста) боја на керамиката, ќе биде прекрасно надополнување во Вашиот дом или деловен објект.
На вратата и стаклото на каминот е додадена така наречена “динамичка воздушна завеса” која што го заштитува стаклото на каминот од негово замаглување и лепење на микрочестичките од пепелта при горењето на каминот, со што подолго време стаклото на каминот останува чисто, овозможувајќи Ви непречено уживање во глетката на живиот убав пламен кој при горењето го создава каминот.
Резерварот за пелети кој е внатре во самиот камин е со капацитет од 30kg.
За да бидат функционалноста и естетиката потполни, Камините THERMOFLUX INTERIO имаат вградена интелигентна автоматика од најнова генерација и систем на термо-осетни (температурни) сонди;
Софистицираната и прецизната автоматиката на Каминот THERMOFLUX INTERIO му овозможува да работи од 30% - 100% од неговиот капацитет и да ги прати енергетските потреби на самиот објект. Камините трошат толку пелети колку што е реално потребно за да ја постигнат саканата температура во куќата, односно онаа температура која што Вие сте ја задале, а потоа го намалуваат интензитетот на својата работа. Со што Ви овозможуваат максимална економичност и минимална потрошувачка на пелети за загревање на просторот.
Автоматиката на камините дозволува поврзување и прецизна синхронизирана работа и со собен термостат, за уште поедноставна и пофина регулација
Автоматиката дава можности за многу прецизно и детално регулирање на палењето и гаснењето на каминот, со дневен и неделен временски термостат (дури и до 56 времиња, односно 28 интервала неделно).
Откако каминот ќе ја постигне саканата собна температура, онаа која вие сте ја задале, ја загаснува односно сведува на минимум својата работа (го намалува пламенот) се до следниот регистриран пад на температурата кога повторно се појачува и тоа само онолку колку што е потребно за повторно да ја постигне зададената температура. Со оваа прецизност на автоматиката Каминот INTERIO прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите).
THERMOFLUX котлите и камините на пелети се единствени на пазарот по својата огромна СЕРТИФИЦИРАНА ефикасност и практичност. Ефикасноста изнесува високи 94%, со што Ви прават огромна заштеда на енергенсот (пелетите).
Камините THERMOFLUX INTERIO имаат вграден механизам за полуавтоматско чистење со кој многу се олеснува чистењето и одржувањето на камините, правејќи ги многу едноставни за употреба.
Предност на камините е и термостатската сонда додадена на оџакот (која е поврзана со автоматиката на котелот), а која спречува загуба на топлина преку издувните гасови односно низ оџакот, со што се зголемува ефикасноста на самиот камин.
Камините се еколошки, CO2 неутрални, не испуштаат речиси никаков чад низ оџакот.
Сите Котли и Камини од брендот THERMOFLUX се со повеќегодишен докажан квалитет, а сертифицирани се со ТÜV ТHÜRINGEN сертификат за квалитет на техничкиот универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien),ISO и DIN Сертификат, како и CЕ Сертификат. Од 2016 година уште една потврда на квалитетот на THERMOFLUX Котлите и Камините е и реномираниот Сертификат кој го доби фабриката TUV NORD.
На меѓународниот саем за HVAC техника (греење и климатизација) ISH во Франкфурт, Германија, THERMOFLUX постигна огромен успех, во конкуренција со најпрестижни европски брендови, доби награда прво место за дизајн и иновативност.
Оваа престижна награда THERMOFLUX во Франкфурт ја има добиено два пати, во 2015 и во 2019 година.
THERMOFLUX Котлите и Камините, се со 5 годишна гаранција на телото на Каминот / Котелот и неговите делови и 2 годишна гаранција на електрониката.
***Бидејќи Котлите и Камините (печките) на пелети THERMOFLUX се со врвни перформанси и сертификати и имаат висок коефициент на ефикасност од 94%, влезени се во GEFF Лигата за субвенционирање од страна на Европска Банка (Фондови од Европска Унија). Така што имате можности да добиете сигурна субвенција за нив, а поради котлите /камините под субвенција влегува и пропратната инсталација поврзана за нив. Субвенцијата која што Ви ја одобрува Европска Банка изнесува 15-20% од целокупната Ваша инсталација, воедно имате и можност за отплата на рати. Овие субвенции важат за сите жители на Македонија. Субвенцијата, Европска Банка Ви ја исплака на Ваша трансакциска сметка. ***
Потполно автоматски камини на пелети (печки на пелети) за поврзување со инсталации за централно греење
Исклучително квалитетна изработка од сертифициран челик
Украсена со рачно изработена италијанска керамика и керамичко стакло преку кое имате прекрасна глетка на пламенот
Особено висок степен на искористување – 94%
Камините (печките) се компактни, опремени со суфистицирана автоматика, циркулациона пумпа, експанзионен сад, сигурносен вентил и вграден механизам за едноставно одржување и чистење
Имаат вграден резервар за пелети со капацитет од 30 kg
We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more