КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX INTERIO
ТОПЛОВОДНИ КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ (ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ)
КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX INTERIO 14 ( 14 kW )
КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX INTERIO 20 ( 20 kW )
• ПОТПОЛНО АВТОМАТСКИ КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ (ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ) ЗА ПОВРЗУВАЊЕ СО ИНСТАЛАЦИИ ЗА ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ
• ИСКЛУЧИТЕЛНО КВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА ОД СЕРТИФИЦИРАН ЧЕЛИК
• УКРАСЕНА СО РАЧНО ИЗРАБОТЕНА ИТАЛИЈАНСКА КЕРАМИКА И КЕРАМИЧКО СТАКЛО ПРЕКУ КОЕ ИМАТЕ ПРЕКРАСНА ГЛЕТКА НА ПЛАМЕНОТ
• ОСОБЕНО ВИСОК СТЕПЕН НА ИСКОРИСТУВАЊЕ – 94%
• КАМИНИТЕ (ПЕЧКИТЕ) СЕ КОМПАКТНИ, ОПРЕМЕНИ СО СУФИСТИЦИРАНА АВТОМАТИКА, ЦИРКУЛАЦИОНА ПУМПА, ЕКСПАНЗИОНЕН САД, СИГУРНОСЕН ВЕНТИЛ И ВГРАДЕН МЕХАНИЗАМ ЗА ЕДНОСТАВНО ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
• ИМААТ ВГРАДЕН РЕЗЕРВАР ЗА ПЕЛЕТИ СО КАПАЦИТЕТ ОД 30 kg
Греењето на пелети во моментов е апсолутен хит бидејќи е два пати поевтино од греењето на нафта и струја, а дури и до три пати поевтино од греењето на индустриска струја. Со нашите котли и камини на пелети заштедувате, а сте потполно стоплени во секое време. Користењето и одржувањето на котлите и камини на пелети THERMOFLUX PELLING И INTERIO е многу едноставно како поради нивната конструкција така и поради самите физички карактеристики на пелетите (калориската моќност)
Задоволство ни е да Ви ја претставиме линијата на Камини на пелети INTERIO, топловодни печки наменети за спојување со инсталации за централно греење.
Поголемиот дел од енергијата ја пренесува на водата за загревање на радијаторите, а еден мал дел оддава преку стаклото.
Камините INTERIO со својата префинета изработка, функционалност и убавина ќе ги освојат сите ваши сетила. Претставуваат извонреден спој на модерен, уникатен дизајн и максимална економичност, а воодушевуваат со својот квалитет, брзина на загревање на просторот и комфорот кој го создаваат. Имаат висок степен на искористување 94%.
Ги карактеризира исклучително квалитетна изработка од сертифициран челик, а декорацијата ја надополнува рачно изработената италијанска керамика, додадена на горната плотна и страните на печката, која на INTERIO му дава нота на вонвременска елеганција.
Зависно Вашиот избор бојата на керамиката може да биде кармин црвена, бела или мермерна беж боја.
На предната страна имаат керамичко стакло отпорно на температури и над 750 °С. Пламенот кој се гледа преку стаклото создава прекрасна, многу пријатна атмосфера во Вашиот дом или работни простории, топлина која смирува и инспирира.
Камини на пелети INTERIO се компактни, потполно опремени со вградени експанзионен сад, циркулациона пумпа и сигурносен вентил, а внатре во нив имаат и резервар за пелети со капацитет од 30 kg.
Автоматиката која е инкорпорирана во печката пружа удобност на потполно автоматско загревање на Вашиот дом со можност за многу детално и прецизно програмирање на палењето и гасењето со дневен и неделен тајмер ( дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење ), при поврзување со собни термостати по постигнување на зададената (саканата) температура печката ја гасне, ја сведува на минимум својата работа се до следниот регистриран пад на температурата од страна на термостатот, со ова каминот прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите) сведувајќи ја на минимум нивната потрошувачка.
Камините се со првокласен квалитет, сертифицирани со TÜV THÜRINGEN Сертификат за квалитет на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien), Сертификат TÜV NORD, a поседуваат и ISO 9001:2008 Сертификат, како и CE Сертификат.
J.M | INTERIO 14 | INTERIO 20 | ||
1 | Тежина на каминот | kg. | 204 | 214 |
2 | Топлински учинок | kW | 4.6 – 14,1 | 6 – 18 |
3 | Зрачење на топлина во просторот | kW | 2 | 2,2 |
4 | Содржина на вода во каминот | L | 33 | 25 |
5 | Потпритисок на оџакот | mbar | 0,05 / 0,1 | 0,05 / 0,1 |
7 | Појдовен / Повратен вод | inch | 1” | 1” |
8 | Температура на димните гасови | oC | cca160 | cca160 |
9 | Макс. раб. температура | oC | 80 | 80 |
10 | Макс. раб. притисок | Bar | 2,5 | 2,5 |
11 | Висина до средина на оџакот | mm | 315 | 315 |
12 | Длабочина на печката | mm | 657 | 657 |
13 | Ширина на печката | mm | 634 | 634 |
14 | Висина на печката | mm | 1089 | 1089 |
15 | Достапни бои на керамиката | црвена/ бела/беж | црвена/ бела/беж | |
16 | Дијаметар на оџакот | mm | 80 | 80 |
17 | Висина на довод / поврат | mm | 925.5 /142.5 | 925.5 / 142.5 |
18 | Количина на пелети во резервоарот | kg | 30 | 30 |
19 | Потрошувачка на електрична енергија номинално / макс. | W | 90 / 340 | 100 / 350 |
20 | Температура на водата на излезот мин. / макс. | oC | 55 / 80 | 55 / 80 |
21 | Димензии на стаклото | mm | 318x236x4 | 318x236x4 |
22 | Мин. / Макс. потрошувачка на пелети | kg/h | 1-3,1 | 1.35-4,1 |
23 | Гориво | – | пелет | пелет |
24 | Извод на оџакот ( доле-назад ) | назад | назад |
Упатство за употреба на камин INTERIO