Logo_Eden

Baby Wind

Ниски фенкојлери за 2 цевна инсталација. Центрифугални фенкоилери достапни во 3 верзии и 5 големини. Структурата се однесува на серија Wind (внатрешен галванизиран лим, надворешна структура од галванизиран метал обложен со поливинил хлорид) но има предност од минимална висина од 330mm како за вграден уред и 350mm за моделот со маска. BabyWind серијата е дизајнирана за потребите на градбите со модерен дизајн и значително оптимизиран простор, вклучувајќи ги фалтите за инсталација на опремата за вентилација.

Мало-големо решение

Нископрофилни центрифугални фенкоилери BabyWIND

Центрифугални фенкоилери со модерен, едноставен и привлечен дизајн. Компактни и карактеризирани со екстремно намалена висина (само 415mm). Достапни во 5 различни големини и 6 верзии за монтирање.  Можат да бидат:

  • Подни
  • Хоризонтални со преден отсис на воздух
  • Вертикални со преден отсис на воздух и горен или преден потис
  • Хоризонтални тавански со преден отсис и потис на воздух

Структура

Шасија од галванизиран (8/10mm дебел) изолиран лим. Кондензациона кадичка од галванизиран изолиран лим со приклучоци за дренажа. Приклучоци на страничните панели за полесна монтажа на додатоците. Отвори на задната страна за монтажа на ѕид.

Филтри

Метална рамка со саќе од полипропиленски филтер материјал. Лесен за вадење и чистење. Стандардните филтри се со EU1 стандард, на барање достапни се и други.

Маска

Топло-галванизиран пластифициран лим за зголемена заштита од корозија, `рѓа, хемикалии. Усмерувачи за воздух од ABS или најлон. Боја на маската: бела. Други бои достапни на барање.

Топлиноизменувачи

Топлиноизменувачи од алуминиумски ламели механички експандирани врз бакарни цевки формирајќи блок. Рамка од галванизиран лим, ¾ “ женски приклучок за вентилите. Вентили за обезвоздушување на двата приклучоци. Стандардни приклучоци за вода од лева/десна страна на барање.

Вентилатори

Двојни центрифугални перки со статички и динамички балансирани алуминиумски импелери хоризонтално ориентирани. Еднофазен асинхрон мотор (3 брзини фабрички подесени) со заштита од преоптоварување. Моторот е директно споен со перките и заедно со флексибилните држачи придонесува за тивка работа.

• 5 големини
• 3 верзии за инсталирање
• Капацитет на ладење: 0,74÷ 4,54 kW
• Капацитет на греење(50°):1,45 ÷ 5,63 kW W
• Капацитет на греење(70°): 2,51 ÷ 9,37 kW
• Проток на воздух: 268 ÷ 843 m3/h

eden_baby-wind-fan-coil-units

Каталог BabyWind

Сертификат

Сертификат

Надворешен линк