Csen-Hcen

Касетни вентилоконвектори во 16 различни големини за 2 и 4 цевен систем, со далечинска инфраред команда или за нормален термостат за монтажа на ѕид.
Носечката структура е направена од цврст галванизиран метален лим кој на 4 агли е појачан со држачи за полесна монтажа на плафонот. Термичката и звучна изолација е полистирен додека надворешната изолација е од затворени ќелии. Инсталацијата е многу лесна и брза. Двете верзии 60×60 (CSEN) и 90×90 (HCEN) се оспособени за инсталација на приклучок со жалузина за свеж воздух (со кружни или правоаголни облици припремени (перфорирани) на лимот.

• 8 големини
• 4 верзии за инсталирање
• Капацитет на ладење: 1,09 ÷ 10,50 kW
• Капацитет на греење(50°):1,55 ÷ 12,00 kW
• Капацитет на греење(70°): 2,59 ÷ 19,89 kW
• Проток на воздух: 255 ÷ 1.274 m3/h

Надворешен линк

Сертификат

Сертификат