Logo_EdenWind

Центрифугални вентилоконвектори за 2 или 4 цевен систем. Носечката структура на уредот е галванизиран и изолиран метален лим, додека куќиштето (за вентилоконвекторите со маска) е од топло галванизиран пластифициран лим со заштитен пвц филм кој се отстранува по монтажата. Оваа заштита е многу важна за зачувување на производот за време на транспортот и инсталацијата. Верзиите со маски се опремени со абс решетки со можност за усмерување и странични вратнички за пристап до вградениот термостат и/или вентили. На барање достапна е многу богата дополнителна опрема која може да ги задоволи сите инсталатерски потреби: дополнителни или модофицирани топлиноизменувачи со различни капацитети и загуби, регулациони, баланс и други вентили, жалузини за свеж воздух, пленуми со различни димензии за всис и потис.

• 12 големини
• 9 верзии за инсталирање
• Капацитет на ладење: 0,67 ÷ 11,01 kW
• Капацитет на греење(50°): 0,85 ÷ 14,14 kW
• Капацитет на греење(70°): 1,45 ÷ 23,75 kW
• Проток на воздух: 136 ÷ 2.003 m3/h

Елегантни и функционални:

Центрифугални фенкоилери WIND

Центрифугални фенкоилери со модерен, едноставен и привлечен дизајн. Достапни во 120 модели со различни големини и изведби. Можат да бидат:

  • Вертикални (со маска за монтажа на под и ѕид) или вградливи
  • Хоризонтални (со маска за монатажа на таван) или вградливи (со доелн или преден отсис на воздух и горен или преден потис, каналски

Изведба во заштитна кутија со усмерувачи на воздух.

Декоративни панели во боја на дрво или обоен метал.

Структура

Шасија од галванизиран (0,8mm) изолиран лим. Кондензациона кадичка од галванизиран изолиран лим со приклучоци за дренажа. Приклучоци на страничните панели за полесна монтажа на додатоците. Отвори на задната страна за монтажа на ѕид.

Маска

Топло-галванизиран пластифициран лим за зголемена заштита од корозија. Усмерувачи за воздух од ABS или најлон. Боја на маската: бела. Боја на насочувачите: светло сива. Други бои достапни на барање.

Електрични вентилатори

Еднофазен асинхрон 6 брзински мотор (3 брзини фабрички подесени) со заштита од преоптоварување. Антивибрациони држачи за тивка работа. Тридимензионални центрифугални вентиралори со двостран влез со алуминиумски перки. Статички и динамички балансирани. Сите вентилатори се фабрички тестирани.

Топлиноизменувачи

Топлиноизменувачи од алуминиумски ламели механички експандирани врз бакарни цевки формирајќи блок. Рамка од галванизиран лим, ¾ “ женски приклучок за вентилите. Вентили за обезвоздушување на двата приклучоци. Стандардни приклучоци за вода од лева/десна страна на барање. Топлиноизменувачот лесно се ротира по потреба.

Филтри

Метална рамка со саќе од полипропиленски филтер материјал. Лесен за вадење и чистење. Стандардните филтри се со EU1 стандард, на барање достапни се и други.

Уреди за контрола

За моделите со маска (вертикални)

Стандард: Summer/Off/Winter (Летен режим/Исклучен/Зимен режим)

Дополнително:

– Механички термостат (се додава на стандардниот прекинувач)

– Термостат за минимална температура

– Електронски собен термостат комплет со сензор за температура, прекинувач за Летен режим/Исклучен/Зимен режим, 3-брзински бирач.

Декоративни панели

За вертикално поставени ѕидни модели и хоризонтални тавански вградени модели, декоративни панели во боја на лакирано дрво или галванизиран лим обложен со PVC заштитен филм. Панелите доаѓаат во комплет со отвори за влез ан воздух и потисни решетки и филтер.

Додатоци: електрични грејачи, 3 или 4-краки вентили, On-off и вентили за балансирање, водушни дампери за надворешен воздух (рачни и моторни), пленум кутии за воздух, помошни топлиноизменувачи, кадичка за кондензат, телескопски продолжетоци, украси панели, пумпи за кондензат итн.

Каталог центрифугални фенкојлери Eden Wind

Каталог центрифугални фенкојлери Eden Wind – en

Каталог центрифугални фенкојлери Eden Wind-en

Упатство за ракување и одржување
Сертификат
Сертификат

Надворешен линк