THERMOFLUX Site Kotli za Naslovna WEBSITE  PNG 700 KB

КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX INTERIO

THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

  • ПРОВЕРЕТЕ ЗОШТО СМЕ БРОЈ 1 НА ПАЗАРОТ ЗА ПЕЛЕТИ И КОТЛИ И ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ! 

Греењето на пелети во моментов е апсолутен хит бидејќи е два пати поевтино од греењето на нафта и струја, а дури и до три пати поевтино од греењето на индустриска струја. Со нашите котли и печки на пелети заштедувате, а сте потполно стоплени во секое време. Користењето и одржувањето на котлите и печките THERMOFLUX PELLING И INTERIO е многу едноставно како поради нивната конструкција така и поради самите физички карактеристики на пелетите (калориската моќност)

Theroflux Interio 22kW THERMOFLUX INTERIO 22KW ThermoFLUX Interio 22

ЕКОЛОШКИ И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ

КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ

Interio 22 kW

Котелот Interio 22kW е котел со модерен дизајн наменет за корисници кои немаат доволно простор за поставување котел. Котелот е компактен и доволно му е само 1m2 за поставување, така да може да се смести и во најмалата просторија. Резервоарот за пелети кој собира 50kg, дигиталната регулација со програма за седум дена, гусеното ложиште, циркулационата пумпа, експанзиониот сад и сигурносниот вентил кои се вградени во котелот го прават поедноставен за вградување и употреба.

Котелот Interio 22kW претставува идеално решение за загревање на простотот, за сите оние кои имаат проблем со сместувањето на котелот. Котелот има вертикални цевни топлински изменувачи и се наменети за приклучување на систем за централно греење. Котлите се топлотно изолирани така што немаат загуба на топлина во просторот.

Контролниот панел овозможува едноставно регулирање на топлината, промена на опции и прилагодување кон индивидуалните потреби на корисникот. Можноста за програмирање на палењето и гасењето (4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење) како и можноста за приклучување на собен термостат овозможуваат удобност и потполно автоматска работа на котелот.

Дополнителна опрема

GSM модем

Собен термостат

Котелот INTERIO 22 kW е од најновата генерација на котли на пелети од THERMOFLUX, со модерен, елегантен дизајн и максимална изолација, такашто воопшто нема загуба на топлина во околината каде што е сместен, и целата енергија, топлина која ја создава ја предава на радијаторите.

Котелот е изработен од сертифициран челик со дебелина од 5mm. Оплатата на Котелот 22kW е изработена од софистициран материјал, со елегантни, заоблени линии, што допринесува за високата естетика на котелот, а воедно ја подобрува неговата изолација, ефикасност и практичност. Како би немало ни најмала загуба на енергијата во просторот котелот има дупла врата. Едната врата е онаа која го затвара ложиштето, а другата е изолирана од оплатата на котелот. На вратата (првата) на страната која е спрема ложиштето е додадена плоча од вермикулит, специјален изолирачки материјал кој не дозволува загуба на топлината, туку нејзина дополнителна задршка, со што допринесува за уште поголема ефикасност на котелот, а воедно прави и дополнително абсорбирање на CO2 честичките со што ја зголемува еколошката ефикасност на котелот.

Котелот INTERIO 22kW е наманет за сместување во котлара, ходник, под скали, во подрум, помошна просторија или можеби гаража (лесно се сместува заради неговата компактност и практичните димензии). Резервоарот за пелети кој е внатре во самиот котел е со капацитет од 50kg.

Котелот е потполно автоматски, поседува вградена комплетна софистицирана италијанска автоматика, што го прави ракувањето со него потполно автоматско, според параметрите кои ќе ги зададе корисникот автоматски палат и гасат. Автоматиката на котелот дозволува поврзување и со собен термостат, за поедноставна и пофина регулација. Автоматиката е со високи перформанси и дава можности за многу прецизно и детално регулирање на палењето и гасењето на котелот со дневен и неделен временски термостат (дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење). Откако котелот ќе ја постигне саканата температура, онаа која сте ја задале, ја загаснува односно сведува на минимум својата работа (го намалува пламенот) се до следниот регистриран пад на температурата кога повторно се појачува и тоа само онолку колку што е потребно за повторно да ја постигне зададената температура. Со оваа прецизност на автоматиката котелот прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите).

Друга предност на котелот е термостатската сонда додадена на оџакот (која е поврзана со автоматиката), а која спречува загуба на топлина преку издувните гасови односно низ оџакот, со што се зголемува ефикасноста на самиот котел.

Котелот INTERIO 22kW е компактен и комплетно опремен со софистицирана автоматика, бренер (потпалувач) со керамички грејач, внатрешно вграден резервоар за пелети од 50kg, ложиште со гусана чашка во која горат пелетите, цевни изменувачи, естетска оплата, експанзионен сад, циркулациона пумпа GRUNDFOS, сигурносен вентил, термостатски сонди вклучително и сонда на оџакот, пепелник, се ова е вклучено во цената + транспорт на котелот (и целокупната опрема) до Вашиот објект, како и пуштањето во работа и Ваша обука за користење на истата и работата на автоматиката е гратис од наша страна. Ние сме сервис и гаранција за котлите и имаме 24 часовна поддршка за корисниците, а секогаш во секое време ги имаме на лагер сите резервни делови за производите.

Околу потрошувачката на пелети

Поради високата прецизност и суфистицираност на автоматиката, котлите можат да работат од 30-100% од својот капацитет и се разбира ќе потрошат онолку колку што ќе дадат моќност на радијторите за загревање на просториите, така што ако котелот загрева помалку радијатори или помала квадратура од предвиденото, како и објектот е со добра изолација тоа автоматиката веднаш го регистрира и се разбира потрошувачката на котелот би била помала.

Овие карактеристики во однос на потрошувачката се карактеристични само за THERMOFLUX котлите и печките , кои се единствени на пазарот со својата огромна ефикасност и практичност. Ефикасноста изнесува високи 92 – 94%.

Технички карактеристики

                   Interio 22
1 Тежина kg. 240
2 Јачина kW 7-22
3 Содржина на вода L 40
4 Потребен оџак mbar 0,05/0,1
5 Доводен / повратен vod inch 1”
6 Температура на издувни гасови oC cca 160
7 Работна температура oC 50-80
8 Максимален работен притисок Bar 2,5
9 Длабочина mm 710
10 Ширина mm 675
11 Висина mm 1305
12 Дијаметар на оџак mm 80
13 Висина на одвод / довод mm 960 / 151
14 Количина на пелети во резервоарот kg 50
15 Потрошувачка на ел. енергија номинално/максимално W 90 / 410
16 Min/max потрошувачка на пелети kg/h 1,3-4,8
17 Гориво Пелети
18 Извод на оџак ( горе/назад ) назад
1 reply
  1. Marina
    Marina says:

    Zdravo
    Bi sakala da prasam za kotelot za parno na peleti 20 za kolkava pivrsina e ?
    imam kuka so dva sprata za parno .
    i dvata sprata imaat po 70 kvadrata
    Bi sakala da stavam i parno od vasata firma.
    Pa koga mozete da dojdete i da mi napravite ponuda, za celokupna instalacija na parno.
    pozdrav Marina Stip
    tel 070/366-066

Comments are closed.