THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

Котел на пелети Interio 22 kW

Греењето на пелети во моментов е апсолутен хит бидејќи е два пати поевтино од греењето на нафта и струја, а дури и до три пати поевтино од греењето на индустриска струја. Со нашите котли и камини на пелети заштедувате, а сте потполно стоплени во секое време. Користењето и одржувањето на котлите и камините THERMOFLUX PELLING И INTERIO е многу едноставно како поради нивната конструкција така и поради самите физички карактеристики на пелетите (калориската моќност)

13077088_1114850361900156_136717300961699785_n THERMOFLUX INTERIO KOTEL 22kW

Котелот Interio 22kW е котел со модерен дизајн наменет за корисници кои немаат доволно простор за поставување котел. Котелот е компактен и доволно му е само 1m2 за поставување, така да може да се смести и во најмалата просторија. Резервоарот за пелети кој собира 50kg, дигиталната регулација со програма за седум дена, гусеното ложиште, циркулационата пумпа, експанзиониот сад и сигурносниот вентил кои се вградени во котелот го прават поедноставен за вградување и употреба.

Котелот Interio 22kW претставува идеално решение за загревање на простотот, за сите оние кои имаат проблем со сместувањето на котелот. Котелот има вертикални цевни топлински изменувачи и се наменети за приклучување на систем за централно греење. Котлите се топлотно изолирани така што немаат загуба на топлина во просторот.

Контролниот панел овозможува едноставно регулирање на топлината, промена на опции и прилагодување кон индивидуалните потреби на корисникот. Можноста за програмирање на палењето и гасењето (4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење) како и можноста за приклучување на собен термостат овозможуваат удобност и потполно автоматска работа на котелот.

Дополнителна опрема

GSM модем

Собен термостат

Kotel INTERIO 22kW gledano lozishteto na presek, vratata e oblozena so specijalen izoliracki materijal vermikulit koj ne dozvoluva da ima zaguba na toplina      Kotel INTERIO 22kw Presek na kotelot

Котелот INTERIO 22 kW е од најновата генерација на котли на пелети од THERMOFLUX, со модерен, елегантен дизајн и максимална изолација, такашто воопшто нема загуба на топлина во околината каде што е сместен, и целата енергија, топлина која ја создава ја предава на радијаторите.

Котелот е изработен од сертифициран челик со дебелина од 5mm. Оплатата на Котелот 22kW е изработена од софистициран материјал, со елегантни, заоблени линии, што допринесува за високата естетика на котелот, а воедно ја подобрува неговата изолација, ефикасност и практичност. Како би немало ни најмала загуба на енергијата во просторот котелот има дупла врата. Едната врата е онаа која го затвара ложиштето, а другата е изолирана од оплатата на котелот. На вратата (првата) на страната која е спрема ложиштето е додадена плоча од вермикулит, специјален изолирачки материјал кој не дозволува загуба на топлината, туку нејзина дополнителна задршка, со што допринесува за уште поголема ефикасност на котелот, а воедно прави и дополнително абсорбирање на CO2 честичките со што ја зголемува еколошката ефикасност на котелот.

Котелот INTERIO 22kW е наманет за сместување во котлара, ходник, под скали, во подрум, помошна просторија или можеби гаража (лесно се сместува заради неговата компактност и практичните димензии). Резервоарот за пелети кој е внатре во самиот котел е со капацитет од 50kg.

Котелот е потполно автоматски, поседува вградена комплетна софистицирана италијанска автоматика, што го прави ракувањето со него потполно автоматско, според параметрите кои ќе ги зададе корисникот автоматски палат и гасат. Автоматиката на котелот дозволува поврзување и со собен термостат, за поедноставна и пофина регулација. Автоматиката е со високи перформанси и дава можности за многу прецизно и детално регулирање на палењето и гасењето на котелот со дневен и неделен временски термостат (дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење). Откако каминот ќе ја постигне саканата температура, онаа која сте ја задале, ја загаснува односно сведува на минимум својата работа (го намалува пламенот) се до следниот регистриран пад на температурата кога повторно се појачува и тоа само онолку колку што е потребно за повторно да ја постигне зададената температура. Со оваа прецизност на автоматиката котелот прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите).

Друга предност на котелот е термостатската сонда додадена на оџакот (која е поврзана со автоматиката), а која спречува загуба на топлина преку издувните гасови односно низ оџакот, со што се зголемува ефикасноста на самиот котел.

Котелот INTERIO 22kW е компактен и комплетно опремен со софистицирана автоматика, бренер (потпалувач) со керамички грејач, внатрешно вграден резервоар за пелети од 50kg, ложиште со гусана чашка во која горат пелетите, цевни изменувачи, естетска оплата, експанзионен сад, циркулациона пумпа GRUNDFOS, сигурносен вентил, термостатски сонди вклучително и сонда на оџакот, пепелник, се ова е вклучено во цената + транспорт на котелот (и целокупната опрема) до Вашиот објект, како и пуштањето во работа и Ваша обука за користење на истата и работата на автоматиката е гратис од наша страна. Ние сме сервис и гаранција за котлите и имаме 24 часовна поддршка за корисниците, а секогаш во секое време ги имаме на лагер сите резервни делови за производите.

Околу потрошувачката на пелети

Поради високата прецизност и суфистицираност на автоматиката, котлите можат да работат од 30-100% од својот капацитет и се разбира ќе потрошат онолку колку што ќе дадат моќност на радијторите за загревање на просториите, така што ако котелот загрева помалку радијатори или помала квадратура од предвиденото, како и објектот е со добра изолација тоа автоматиката веднаш го регистрира и се разбира потрошувачката на котелот би била помала.

Овие карактеристики во однос на потрошувачката се карактеристични само за THERMOFLUX котлите и камините, кои се единствени на пазарот со својата огромна ефикасност и практичност. Ефикасноста изнесува високи 92 – 94%.

Технички карактеристики

                   Interio 22
1 Тежина kg. 240
2 Јачина kW 7-22
3 Содржина на вода L 40
4 Потребен оџак mbar 0,05/0,12
5 Доводен / повратен вод inch 1”
6 Температура на издувни гасови oC cca 160
7 Работна температура oC 50-80
8 Максимален работен притисок Bar 2,5
10 Длабочина mm 710
11 Ширина mm 675
12 Висина mm 1305
13 Дијаметар на оџак mm 80
14 Висина на одвод / довод mm 960 / 151
15 Количина на пелети во резервоарот kg 50
16 Потрошувачка на ел. енергија номинално/максимално W 90 / 410
17 Min/max потрошувачка на пелети kg/h 1,3-4,8
18 Гориво Пелети
19 Извод на оџак ( горе/назад ) назад