Климакомори Mekar

23МК серијата на клима комори претставуваат еволуција на историската 03МК серија, од кои ја наследија нивната габаритност, флексибилност и сигурност интегрирајки многу технолошки и производни подобрувања.

Тајната на овие подобрувања е во автоматизацијата на процесот на производство, обезбедувајки максимален избор на компоненти и максимални перформанси во најекономични големини за производство. За да се постигне сето ова, поделени се во три категории, со 28 основни модели и 16 модели со редуцирана висина особено погодни за сместување во спуштени плафони или во простории со ниски висини. Големиот избор на модели овозможува да најмалиот возможен модел биде избран според брзината на воздухот низ изменувачот.

23МК клима коморите се затоа достапни во 44 модели за проток на воздух од 1.000-80.000 m3/h и со статички притисок до 2.500 Pa. На 16 клима комори со редуцирани висини можат дополнително да им се редуцираат висините со отстранување на стандардните 150мм високи профили за носење (ногарки) на посебно барање.

 

1.  Со употреба на софтвер за селекција MEKAR CONFIGURATOR достапен во Windows конфигурација.

2.  Со избор на една возможните стандардни конфигурации.

 

1 избор.(компјутерски избор) е препорачан избор за секаков вид на ситуации бидејки овозможува прецизен и брз избор и пресметка на една или повеќе клима комори земајќи ги во обѕир сите аспекти од спецификацијата која се бара. Финалниот приказ на изборната документација дава обемен приказ на информации, технички к-ки и капацитети на секоја компонента, психометриски дијаграм на третираниот воздух и во летниот и во зимскиот циклус, детални цртежи со димензии и позиции на приклучоци и тоа како во .PDF, .DXF и .RTF формат.

 

2 избор.Избор од стандардни конфигурации покрива лимитиран број на случаи меѓутоа тоа се најчесто употребувани типови во пракса. Ова му овозможува на операторот брзо да дојде до приближни димензии, тежини и буџет за некоја клима комора, и овој начин не треба да се смета како добра замена на компјутерскиот избор, кој сепак претставува најдобар начин на избор на клима комори кој обезбедува целосно совпаѓање на дизајнираните со бараните податоци.


Сертификат
Надворешен линк