topling

biotopling

bt-btmax

topling-btc-karakteristiki

topling-btcmax-karakteristiki

Котлите BIOTOPLING од реномираната фабрика TOPLING за производство на котли на биомаса се со најсовремена конструкција и дизајн, изработени од атестирани материјали со висок квалитет.

Конструкцијата на котлите е усогласена според европските директиви:

– MD 98/37/EC, PED 97/23/EC, LVD 2006/95/EC, EMC 2004/108/EC

Како и спрема европските нормативи:

– EN 12952-2, EN 12952-3, EN 12952-4, EN 12952-5, EN 12952-10, EN 12952-15

Испитувањето на котлите е направено спрема EN 303-5, така што ги исполнува сите услови за приклучување на инсталација за централно греење.
Котлите се наменети за централно греење на станбени единици, семејни куќи, локали, хотели, помали производни единици, деловни простории и слично.

Карактеристики на котлите BIOTOPLING

Котелот BIOTOPLING е опремени со оригинална DANFOSS автоматика, а автоматската работа на котелот му овозможува на корисникот завиден комфор со оглед на тоа дека треба да води сметка единствено на тоа во резервоарот да има пелети.

Ракувањето на котелот е многу едноставно и се сведува само на уклучување, исклучување и подесување на саканата температура.

Автоматиката на котлите исто така, овозможува целодневно управување со работата на котелот, можност за управување преку собен термостат, како и можност за поврзување на санитарен бојлер или бафер резервар.

Котлите BIOTOPLING се изработени од квалитетен и сертифициран челичен котловски лим, а се изолирани со тврдо пресувана минерална волна, со што се спречува непотребно оддавање на топлина.

Котлите се компактни, резерварот за пелети е составен дел на котелот, а грејачот (горилникот) е инкорпориран во внатрешниот дел на котелот.

На дното на резерварот се наоѓа дозатор на пелети (полжав) кој ги носи пелетите до ложиштето. Дозаторот (полжавот) е косо поставен, буткајќи ги пелетите нагоре, а потоа пелетот по “слободен пад” паѓа косо надоле до ложиштето, со овој метод на дозирање на пелетите потполно се оневозможува феноменот на “повратен пламен” и запалување на резерварот на пелети.

Поради компактноста на котелот и поради многу краткиот пат кој го поминува пелетот од резерварот до ложиштето котлите имаат многу мала потрошувачка на електрична енергија и огромна заштеда.

Електричниот грејач е сместен во ложиштето на котелот и служи за потпалување на пелетите. Ова се одвива само во почетната фаза на пуштање на котелот во работа и по подолга пауза.

Котелот е конструиран со конвективен сноп од повеќе цевни изменувачи кои се вертикално поставени веднаш над ложиштето од котелот каде се врши согорувањето на пелетите.

Овие пламени цевки (цевни изменувачи) ја зголемуваат површината преку која топлината се пренесува на водата, овозможувајќи максимално искористување на топлината од пламенот и гасовите кои се ослободуваат при согорувањето на пелетите, истовремено смалувајќи ја брзината и температурата на излезните гасови, а со самото тоа ја намалуваат потрошувачката на енергенсот односно пелетите.

Котлите се опремени и со еден или два вентилатора (зависно од големината на котелот), кои го помагаат процесот на горење на пелетите на тој начин што во ложиштето донесуваат потребна количина на кислород, неопходен за согорување. Во фазата на потпалување на пелетите првобитно се вклучува само вентилаторот за да го исчисти ложиштето на котелот, првенствено отворот пред грејачот.

Овие карактеристики на котлите BIOTOPLING обезбедуваат поголема искористивост во однос на класичните котли. Степенот на искористување изнесува 92%.

Автоматиката на котелот возможува откако ќе биде достигната однапред зададената температура (според желбата на корисникот) автоматски да се намали силата на греењето, и да се одржува еден постојан лесен оган, при тоа максимално штедејќи го енергенсот без непотребно трошење на пелетите.

Додека пак, откако собниот термостат ќе регистрира опаѓање на температурата во просториите, регулациониот систем сам ја зголемува моќноста и догрејувањето на котелот.

Значи, котелот постојано одржува константна температура во просториите кои ги загрева, и тоа толкава колку што пртходно му ја задал корисникот и во временски интервали   (од-до) кои му се зададени, обезбедувајќи максимална заштеда.

На оџакот од котелот има сонда која ја мери температурата на издувните гасови со што врши и дополнителна заштеда недозволувајќи да има непотребно губење на топлина низ оџакот.

Контролерот на котелот има дневен и неделен тајмер со можност за задавање дури и до 4 различни временски интервали во текот на денот.

Системот спрема зададените параметри и интензитет самостојно ја дозира количината на пелетите од резерварот во ложиштето.

Котлите BIOTOPLING се опремени и со РР сет-систем за спречување на појава на запалување на резерварот за пелети, кој се состои од фабрички вграден термовентил со сопствена сонда, а се активира ако температурата на цевката за дозирање на пелетите достигне 95°С.

Истотака, котлите поседуваат и автономна заштита против замрзнување.

BIOTOPLING котлите поседуваат полуавтоматско чистење, што им дава значајна предност правејќи ги многу лесни за чистење и одржување при што не е потребен секојдневен ангажман.

На горниот дел од котлите е додаден механизам за чистење на конвективниот сноп, со едноставно неколкукратно движење на рачката се врши чистење на цевните изменувачи на котелот.

Количеството на формирана пепел од согорувањето на пелетите е минимално само 0,5-1% (5-10kg пепел на 1ton пелети), со што одржувањето на котелот е многу едноставно.

Резерварот за пелети може да се изработи со различни големини и димензии, во зависност од потребите и расположливиот простор на корисникот.

Задоволувањето на европските нормативи меѓу другото подразбира и сосема ниска содржина на СО2 во издувните гасови, така што котелот во целост е еколошки прифатлив.

Котлите се со првокласен квалитет, сертифицирани со TÜV THÜRINGEN Сертификат за квалитет, ISO 9001:2008 Сертификат, како и CE Сертификат, а се наоѓаат на BAFA (Германија) и EKOsklad (Словенија)листите на државно субвенционирање за чиста енергија.

Рангот на топловодни котли на пелети и биомаса од линијата BIOTOPLING е широк и изнесува од 25-2000kW:

BIOTOPLING Тип BTC

Овој тип на котел се произведува со топлински капацитети од 25, 40 и 50kW.

BIOTOPLING Тип BT MAX

Овој тип на котел е наменет за загревање на поголеми простори и се произведува со топлински капацитети од60kW до 500kW.

BIOTOPLING Тип BTА

Овој тип на котел е наменет за загревање на поголеми простори и се произведува со топлински капацитети од350kW до 2000kW.

topling-bta

ТОПЛОВОДЕН КОТЕЛ НА БИОМАСА Тип SASP

Овие котли се можат да бидат со капацитети од 150-2000kW.

topling-sasp