Алтернативно греење може да вклучува повеќе од ѕидани печки или камини во вашиот дом. Радијантното подно греење е иновативна метода на греење, додуша позната уште од античко време, која е помалку необична но многу ефикасна. Подно греење е чудесно ефикасен топлотно-дистрибутивен систем кој ги користи предностите на целата подна површина за загревање на домот, за разлика од механичкото загревање на воздух кој излегува низ еден мал отвор и пробува да го загрее цел простор, или браново греење со грејно тело (радијатор, печка, греалица)
Како подното греење функционира?
Подното греење нуди топлина за цел простор преку, подот. Тој е ефикасен систем греење кој работи на необичен начин – хидроника или вода поминува низ цевки положени на подот. Течноста во цевките зрачи топлина на подот, која потоа је пренесува таа топлина во просторот. Подното греење е ефикасен и економичен начин на загревање на просторот. Тоа спаѓа во групата нискотемпературни греења, а температурите на подот зависат од намената на просторијата и се движат помеѓу 21 и 28 степени целзиусови. Подното греење се потпира на принципите на инфрацрвеното зрачење и конвеквија. Големи термални маси, како што е бетонската плоча, се загрева и потоа зрачи топлина на околните луѓе и објекти – реони најблиску до подот. Вентилацијата, која е неопходна за снабдување свеж воздух за станарите и за намалување на влажноста на воздухот во случајот на радијално ладење, помага во дистрибуцијата на топлината.
Удобни решенија
Подното греење е идеално за употреба кај тврдите подни површини, како што се бетонските плочи, индустриски подови, керамички плочки или камен, кои често остануваат ладни во соби кои се грејат со конвенционални типови на греење кој се застапени во поголемиот број денешни објекти. Со системот подно греење, цела подна површина на просторијата нежно и рамномерно се загрева одоздолу, без ладни места. Топлотата се шири низ целото тело преку стапалата, како и другите објекти во собата, а не само воздухот кај типичните ситеми на греење. Луѓето кои патат од алергии го сакаат подното греење бидејќи тоа не подигна прашина, ѓубре и други алергени во воздухот како другите системи на греење. Удобноста не е единствен плус за подното греење – тие исто така нудат значителни заштеди на топлина. Бидејќи ова ги загрева луѓето наместо воздухот околу нив, корисниците на така загреаните простори генерално мислат дека е доволно да ги држат термостатите неколку степени подолу во однос на другите видови на греење. Покрај тоа, загреаниот воздух со конвенционални системи на греење се крева горе во просторијата, додека топлотното зрачење останува во пониските делови, што ги прави поудобни. И за разлика од топлиот воздух, воздушната топлина нема тенденција да излезе низ прозорите кој слабо дихтуваат или низ отворени врати. Овие фактори значат дека системите за подно греење можат да заштедат помеѓу 10 и 30% на месечните сметки за греење во однос на конвенционалните системи за греење.
Хидраулични и електрични системи за подно греење
Постојат два основни типа на подно греење кој денес се користат во објектите: Хидраулични и електрични. Хидрауличните системи се најпопуларен избор за сопствениците на куќи кој поставуваат систем подно греење во цел објект. Се до неодамна хидрауличните системи користеа бакарни цевки, но современите системи користат флексибилни цевки налик на гума поставена под подот. Котел (или во некој мали простории, бојлер) се користи за загревање на водата, која потоа циркулира низ цевките и која зрачи енергија преку подот. Хидрауличниот систем е најчест и најисплатлив вид подно греење во клими кој имаат долги грејни сезони. Вода, средството за термчки пренос, циркулира низ пластични цевки – обично вмрежен полиетилен (PEX) – кој се прицврстени на заварена жичана мрежа или тврда изолација над конструктивната плоча и вградени во бетонска плоча со висока густина. Електричното подно греење е далеку поевтино од хидрауличното и тоа забрзано станува популарно како се таа технологија подобрува и луѓето стануваат свесни за овој начин на подно греење. Ова исто така е многу поедноставно за инсталација за сопствениците кои сакаат да греат една или две простории, како што се спална соба и купатило, на пример. Со системот електрично подно греење, под подот се поставува многу тенок електричен панел, сличен на електрично ќебе. Овие панели содржат жици отпорни на топлина вмотани внатре во пропратен матерјал и контролирани со термостат и тајмер. Овој тип на подно греење е многу економичен за поставување и употреба.
Недостатоци на подното греење
Единствена мана на овој систем е неговата инертност, т.е многу бавното постигнување на саканата температура во просторијата, Во некој слуачи ова не можеме да го сметаме како недостаток, туку предност, сето тоа во зависност од намената на просторијата. Кај стално населените објекти, инертноста е секако предност бидејќи доаѓа до изедначување на температурните промени во просториите, но е мана во простори што повремено се греат.
Поставување на подно греење
Поставувањето на систем за подно греење е возможна во скоро сите објекти. Многу е битно да се предвиди поставување на подно греење во фазите на проектирање, а при градењето да се обрне внимание на поставување изолација и висина на таванот. Подното греее го подига подот за одредена димензија, а во зависност од системот, го намалува и плафонот, затоа е битно навремено планирање.
Инсталирањето на подното греење во вашиот дом започнува со тоа што на подот поставувате првин стиропор. Дебелината на стиропорот варира односно може да биде 3 сантиметри или 5 сантиментри зависи од ваша желба и од финансиските можности, но се разбира дека поголемата дебелина е подобра. Инаку стиропорот може да биде обичен рамен или пак специјален за подно со испапнати делови (печурки) на горната стран. На обичниот стиропор, цревото се поставува на пластични шини, а се прицврстува на него со специјални пластични делови т.н елки, додека пак кај стиропорот специјален за подно греење цревото се витка околу печурките, како што можете да видите на сликата. Околу виткањето на цевките, колку да бидат разделени една од друга зависи и од големината на самите цевки. Ние зборуваме за полиетиленско црево со антиоксигенска бариера од програмата на Comisa. Оптималната одалеченост помеѓу цевките е околу 15 cm. За правилно поставување на цревото во просторијата, околу рабовите на просторијата цревата се поставуваат поблиску една до друга додека на средишниот дел на просторијат се поставуваат поодалечено. Во системот за подно греење се поставува и најлон (целофан), а во зависнот од од тоа кој како го монтира, се поставува и над цревото и под цревото но само доколку стануа збор за црево кое е инсталирано на обичен рамен стиропор. Над вака поставените црева се става кошулицата. За поголема ефикасност при загревањето на просторијата, во кошулицата се додаваат најразлични адитиви наменети специјално за подно греење. Тука се поставува прашањето колку метри црево ќе биде потребно за некоја определена квадратура. Во глобала се пресметува дека на 1 метар квадратен одат околу 6.5 метри црево. Значи доколку имаме просторија од 50 метри квадратни и сакаме да ги зареваме со помош на систем за подно греење, ќе ни бидат потребни околу 325 метри црево за подно греење. За системот да работи, потребно е котел кој ќе ја загрева водата, без разлика дали тоа ќе биде електричен котел или пак котел на цврсто гориво потребно е само да биде правилно поврзан со касетата каде се наоѓаат модулите за подно греење. За поврзувањето на модулите за подно греење со цревото ќе зборуваме во следните постови и како се регулира различно температурата во различни простории.
Podno greenje
Alternativno greenje moze da vkluvhuva poveke od zidani pevhki ili kamini vo vashiot dom. Radijantnoto podno greenje e inovativna metoda na greenje, dodusha poznata ushte od antivhko vreme, koja e pomalku neobivhna no mnogu efikasna. Podno greenje e vhudesno efikasen toplotno-distributiven sistem koj gi koristi prednostite na celata podna povrshina za zagrevanje na domot, za razlika od mehanivhkoto zagrevanje na vozduh koj izleguva niz eden mal otvor i probuva da go zagree cel prostor, ili branovo greenje so grejno telo (radijator, pevhka, grealica)
Kako podnoto greenje funkcionira?
Podnoto greenje nudi toplina za cel prostor preku, podot. Toj e efikasen sistem greenje koj raboti na neobivhen navhin – hidronika ili voda pominuva niz cevki polozeni na podot. Tevhnosta vo cevkite zravhi toplina na podot, koja potoa je prenesuva taa toplina vo prostorot. Podnoto greenje e efikasen i ekonomivhen navhin na zagrevanje na prostorot. Toa spagja vo grupata niskotemperaturni greenja, a temperaturite na podot zavisat od namenata na prostorijata i se dvizat pomegju 21 i 28 stepeni celziusovi. Podnoto greenje se potpira na principite na infracrvenoto zravhenje i konvekvija. Golemi termalni masi, kako shto e betonskata plovha, se zagreva i potoa zravhi toplina na okolnite lugje i objekti – reoni najblisku do podot. Ventilacijata, koja e neophodna za snabduvanje svez vozduh za stanarite i za namaluvanje na vlaznosta na vozduhot vo sluvhajot na radijalno ladenje, pomaga vo distribucijata na toplinata.
Udobni reshenija
Podnoto greenje e idealno za upotreba kaj tvrdite podni povrshini, kako shto se betonskite plovhi, industriski podovi, keramivhki plovhki ili kamen, koi vhesto ostanuvaat ladni vo sobi koi se grejat so konvencionalni tipovi na greenje koj se zastapeni vo pogolemiot broj deneshni objekti. So sistemot podno greenje, cela podna povrshina na prostorijata nezno i ramnomerno se zagreva odozdolu, bez ladni mesta. Toplotata se shiri niz celoto telo preku stapalata, kako i drugite objekti vo sobata, a ne samo vozduhot kaj tipivhnite sitemi na greenje. Lugjeto koi patat od alergii go sakaat podnoto greenje bidejki toa ne podigna prashina, gjubre i drugi alergeni vo vozduhot kako drugite sistemi na greenje. Udobnosta ne e edinstven plus za podnoto greenje – tie isto taka nudat znavhitelni zashtedi na toplina. Bidejki ova gi zagreva lugjeto namesto vozduhot okolu niv, korisnicite na taka zagreanite prostori generalno mislat deka e dovolno da gi drzat termostatite nekolku stepeni podolu vo odnos na drugite vidovi na greenje. Pokraj toa, zagreaniot vozduh so konvencionalni sistemi na greenje se kreva gore vo prostorijata, dodeka toplotnoto zravhenje ostanuva vo poniskite delovi, shto gi pravi poudobni. I za razlika od topliot vozduh, vozdushnata toplina nema tendencija da izleze niz prozorite koj slabo dihtuvaat ili niz otvoreni vrati. Ovie faktori znavhat deka sistemite za podno greenje mozat da zashtedat pomegju 10 i 30% na mesevhnite smetki za greenje vo odnos na konvencionalnite sistemi za greenje.
Hidraulivhni i elektrivhni sistemi za podno greenje
Postojat dva osnovni tipa na podno greenje koj denes se koristat vo objektite: Hidraulivhni i elektrivhni. Hidraulivhnite sistemi se najpopularen izbor za sopstvenicite na kuki koj postavuvaat sistem podno greenje vo cel objekt. Se do neodamna hidraulivhnite sistemi koristea bakarni cevki, no sovremenite sistemi koristat fleksibilni cevki nalik na guma postavena pod podot. Kotel (ili vo nekoj mali prostorii, bojler) se koristi za zagrevanje na vodata, koja potoa cirkulira niz cevkite i koja zravhi energija preku podot. Hidraulivhniot sistem e najvhest i najisplatliv vid podno greenje vo klimi koj imaat dolgi grejni sezoni. Voda, sredstvoto za termvhki prenos, cirkulira niz plastivhni cevki – obivhno vmrezen polietilen (PEX) – koj se pricvrsteni na zavarena zivhana mreza ili tvrda izolacija nad konstruktivnata plovha i vgradeni vo betonska plovha so visoka gustina. Elektrivhnoto podno greenje e daleku poevtino od hidraulivhnoto i toa zabrzano stanuva popularno kako se taa tehnologija podobruva i lugjeto stanuvaat svesni za ovoj navhin na podno greenje. Ova isto taka e mnogu poednostavno za instalacija za sopstvenicite koi sakaat da great edna ili dve prostorii, kako shto se spalna soba i kupatilo, na primer. So sistemot elektrivhno podno greenje, pod podot se postavuva mnogu tenok elektrivhen panel, slivhen na elektrivhno kebe. Ovie paneli sodrzat zici otporni na toplina vmotani vnatre vo propraten materjal i kontrolirani so termostat i tajmer. Ovoj tip na podno greenje e mnogu ekonomivhen za postavuvanje i upotreba.
Nedostatoci na podnoto greenje
Edinstvena mana na ovoj sistem e negovata inertnost, t.e mnogu bavnoto postignuvanje na sakanata temperatura vo prostorijata, Vo nekoj sluavhi ova ne mozeme da go smetame kako nedostatok, tuku prednost, seto toa vo zavisnost od namenata na prostorijata. Kaj stalno naselenite objekti, inertnosta e sekako prednost bidejki doagja do izednavhuvanje na temperaturnite promeni vo prostoriite, no e mana vo prostori shto povremeno se great.
Postavuvanje na podno greenje
Postavuvanjeto na sistem za podno greenje e vozmozna vo skoro site objekti. Mnogu e bitno da se predvidi postavuvanje na podno greenje vo fazite na proektiranje, a pri gradenjeto da se obrne vnimanie na postavuvanje izolacija i visina na tavanot. Podnoto greee go podiga podot za odredena dimenzija, a vo zavisnost od sistemot, go namaluva i plafonot, zatoa e bitno navremeno planiranje.
Instaliranjeto na podnoto greenje vo vashiot dom zapovhnuva so toa shto na podot postavuvate prvin stiropor. Debelinata na stiroporot varira odnosno moze da bide 3 santimetri ili 5 santimentri zavisi od vasha zelba i od finansiskite moznosti, no se razbira deka pogolemata debelina e podobra. Inaku stiroporot moze da bide obivhen ramen ili pak specijalen za podno so ispapnati delovi (pevhurki) na gornata stran. Na obivhniot stiropor, crevoto se postavuva na plastivhni shini, a se pricvrstuva na nego so specijalni plastivhni delovi t.n elki, dodeka pak kaj stiroporot specijalen za podno greenje crevoto se vitka okolu pevhurkite, kako shto mozete da vidite na slikata. Okolu vitkanjeto na cevkite, kolku da bidat razdeleni edna od druga zavisi i od goleminata na samite cevki. Nie zboruvame za polietilensko crevo so antioksigenska bariera od programata na Comisa. Optimalnata odalevhenost pomegju cevkite e okolu 15 cm. Za pravilno postavuvanje na crevoto vo prostorijata, okolu rabovite na prostorijata crevata se postavuvaat poblisku edna do druga dodeka na sredishniot del na prostorijat se postavuvaat poodalevheno. Vo sistemot za podno greenje se postavuva i najlon (celofan), a vo zavisnot od od toa koj kako go montira, se postavuva i nad crevoto i pod crevoto no samo dokolku stanua zbor za crevo koe e instalirano na obivhen ramen stiropor. Nad vaka postavenite creva se stava koshulicata. Za pogolema efikasnost pri zagrevanjeto na prostorijata, vo koshulicata se dodavaat najrazlivhni aditivi nameneti specijalno za podno greenje. Tuka se postavuva prashanjeto kolku metri crevo ke bide potrebno za nekoja opredelena kvadratura. Vo globala se presmetuva deka na 1 metar kvadraten odat okolu 6.5 metri crevo. Znavhi dokolku imame prostorija od 50 metri kvadratni i sakame da gi zarevame so pomosh na sistem za podno greenje, ke ni bidat potrebni okolu 325 metri crevo za podno greenje. Za sistemot da raboti, potrebno e kotel koj ke ja zagreva vodata, bez razlika dali toa ke bide elektrivhen kotel ili pak kotel na cvrsto gorivo potrebno e samo da bide pravilno povrzan so kasetata kade se naogjaat modulite za podno greenje. Za povrzuvanjeto na modulite za podno greenje so crevoto ke zboruvame vo slednite postovi i kako se regulira razlivhno temperaturata vo razlivhni prostorii.
We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more