Котелот THERMOFLUX INTERIO 22кW е од најновата генерација на котли на пелети од THERMOFLUX, со модерен, елегантен дизајн и максимална изолација, така што воопшто нема загуба на топлина во околината каде што би бил сместен, но целата енергија, топлина која се создава од горењето на пелетите ја предава на радијаторите. Котелот е изработен од сертифициран котловски целик со дебелина 5мм.
Котелот THERMOFLUX INTERIO 22кW може да загрева површина и до 150/160 м2.
Котлиите се компактни и комплетни опремени со суфистицирана и прецизна автоматика, систем на термостатски сонди, бренер (потпалувац) со керамички греач, внатрешно вграден резервар за пелети од 50кг, ложиште со гусана чашка во која горат пелетите, цевни изменувачи, естетска оплата, експанзионен сад, циркулациона пумпа GRUNDFOS 25/6 тробрзинска, сигурносен вентил, автоматско лонче за испуштање на воздух, плоча од специјален материјал вермилукит додаден на вратата, термостатска сонда додадена на оџакот која што не дозволува загуба на топлина ниту низ оџак, вграден механизам за полуавтоматско чистење, пепелник, се ова е вклучено во цената.
Котелот INTERIO има виока СЕРТИФИЦИРАНА ефикасност од 94% .
Оплатата на Котелот INTERIO 22кW е изработена од високо квалитетен целичен лим, со елегантни, заоблени линии, со што допринесува за високата естетика на котелот, а воедно ја подобрува неговата изолација, ефикасност и практичност.
На вратата на котелот, на страната која е према ложиштето е додадена плоча од вермикулит, специјален материјал (вид на шамот) кој што не дозволува загуба на топлината, но нејзина дополнителна задршка, мултиплицирање на топлинската енергија со што допринесува за уште поголема ефикасност на котелот.
Исто така, вермикулитот прави и дополнително абсорбирање на CO2 честиците со што го зголемува еколошкиот момент на котелот.
Котелот INTERIO 22кW е наменет за сместување во котлара, ходник, под скали, во визба, подрум, помошна просторија или можеби гаража или кујна (лесно е сместлив поради неговата компактност и практичните димензии). Резервоарот за пелети кој е внатре во самиот котел е со капацитет од 50кг.
Котелот е потполно автоматски, поседува вградена комплетна суфистицирана исклучително прецизна италијанска автоматика, така што ракувањето со него е потполно автоматско, според параметрите кои ќе ги зададе корисникот автоматски палат и гасат. Автоматиката на котелот дозволува поврзување и прецизна синхронизирана работа со собен термостат, за педноставна и пофина регулација.
Автоматиката е со високи перформанси и дава можности за многу прецизно и детално регулирање на палењето и гаснењето на котелот, со дневен и неделен временски термостат (дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гаснење). Откако котелот ќе ја постигне саканата собна температура, онаа која вие сте ја задале, ја загаснува односно сведува на минимум својата работа (го намалува пламенот) се до следниот регистриран пад на температурата кога повторно се појачува и тоа само онолку колку што е потребно за повторно да ја постигне зададената температура, со оваа прецизност на автоматиката Котелот INTERIO прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите).
Поради високата прецизност и суфистицираност на системот на термоосетни сонди и прецизната автоматика вградена во Котлите, тие можат да работат од 30-100% од својот капацитет, многу прецизно прилагодувајќи ја својата работа на енергетските потреби на куќата односно на Вашите потреби за греење.
Со што котлите Ви овозможуваат да имате максимален комодитет, со минимална потрошувачка на пелети. Трошејќи само онолку пелети колку што ке оддаваат моќност на радијаторите за загревање на просториите.
Ако пак некогаш со котелот загревате помалку радијатори или помала квадратура од предвиденото (на пример го греете само едниот спрат од Вашата куќа) како и доколку објектот е со добра изолација тоа автоматиката на котелот веднаш го регистрира и ја прилагодува работата на котелот на потребите на куќата, автоматски намалувајки ја и потрошувачката на пелети.
Овие карактеристики во однос на потрошувачката на пелети се карактеристични само за THERMOFLUX котлите и камините на пелети, кои се единствени на пазарот по својата огромна СЕРТИФИЦИРАНА ефикасност и практичност. Како што е наведено и погоре, сертифицираната ефикасност на котелот изнесува високи 94%.
Уште една предност на котлите е и термостатската сонда додадена на оџакот (која е поврзана со автоматиката на котелот), а која спречува загуба на топлина преку издувите гасови односно низ оцакот, со што се зголемува ефикасноста на самиот котел.
Котлите THERMOFLUX INTERIO имаат додаден (вграден) механизам за полуавтоматско чистење и одржување на котелот кој во многу што го олеснува одржувањето и чистењето на котелот.
Котлите се еколошки, CO2 неутрални, не испуштаат речиси никаков чад низ оџакот.
http://tehnoauto.com.mk/mk/kotli-interio-22kw-2/
https://www.thermoflux.ba/kotlovi/interio/
https://www.thermoflux.ba/
Сите котли и камини од брендот THERMOFLUX се со повеќегодишен докажан квалитет, а сертифицирани се со TÜV THÜRINGEN сертификат за квалитет на техничкиот универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien),ISO i DIN Сертификат, како и CE Сертификат. Од 2016 година уште една потврда на квалитетот на THERMOFLUX Котлите и Камините е и реномираниот Сертификат кој го доби фабриката TUV NORD.
На меѓународниот саем за HVAC техника (греење и климатизација) ISH во Франкфурт, Германија, THERMOFLUX постигна огромен успех, во конкуренција со најпрестижни европски брендови, доби награда прво место за дизајн и иновативност.
Оваа престижна награда THERMOFLUX до сега ја има добиено 3 пати, што и тоа како зборува за високиот квалитет на THERMOFLUX Котлите и Камините на пелети.
THERMOFLUX Котлите и Камините, се со 5 годишна гаранција на телото на Каминот/Котелот и неговите делови и 2 годишна гаранција на електрониката. Станува збор за котли на пелети од највисока европска класа.
THERMOFLUX Котлите и Камините, се со 5 годишна гаранција на телото на Каминот / Котелот и неговите делови и 2 годишна гаранција на електрониката.
***Бидејќи Котлите и Камините (печките) на пелети THERMOFLUX се со врвни перформанси и сертификати и имаат висок коефициент на ефикасност од 94%, влезени се во GEFF Лигата за субвенционирање од страна на Европска Банка (Фондови од Европска Унија). Така што имате можности да добиете сигурна субвенција за нив, а поради котлите /камините под субвенција влегува и пропратната инсталација поврзана за нив. Субвенцијата која што Ви ја одобрува Европска Банка изнесува 15-20% од целокупната Ваша инсталација, воедно имате и можност за отплата на рати. Овие субвенции важат за сите жители на Македонија. Субвенцијата, Европска Банка Ви ја исплака на Ваша трансакциска сметка. ***
We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more