Камините ELEGANCE се од најновата линија на Камини на пелети на реномираниот бренд THERMOFLUX кои што својата премиера ја доживеаа на 12ти Март 2019 на најголемиот светски Саем од областа на греење и климатизација ISH во Франкфурт, Германија.
Камините се опремени со комплетна сoфистицирана автоматика, бренер со керамички греач, резервар за пелети од 30кг, ложиште со гусана чашка во која горат пелетите, цевни изменувачи, пепелник, експанзионен сад, циркулациона пумпа GRUNDFOS 25/6 тробрзинска, сигурносен вентил, термостатски сонди вклучително и сонда на оџакот (која не дозволува загуба на топлина низ оџакот), првокласен естетски изработен челик и керамичко високоотпорно стакло, се ова е вклучено во цената. Механизам за идеално согорување (ВЕНТУРА). Механизам за целосно самочистење.
Каминот на пелети THERMOFLUX ELEGANCE самиот од себе во просторот во кој што е поставен оддава топлина од 4 - 5кW, а преостанатата топлотна енергија, зависно за која јачина на Камин ELEGANCE станува збор, ја оддава на инсталацијата, на пример: радијаторска (или друг вид пример: фенкојлери, подно) инсталација.
На Саемот ISH во Франкфурт оваа година 2019, исто како и во 2015та, THERMOFLUX во конкуренција со Европски и Светски Брендови, доби награда, освои прво (1) место за дизајн и иновативност, што е огромен успех.
Горната и страничната оплата на каминот се изработени од естетски челични профили, поминати низ специјална машина која што на површината и дава префинетост со посебен сјај и нежност.
Челикот од кој што се изработуваат Камините ELEGANCE е оставен во неговата оригинална црна боја, а како финишна нота, челикот е прекриен со специјална заштитна фарба во црна боја која што дополнително ја истакнува бојата на челикот.
Врвната изработка на вратите на Каминот ELEGANCE дополнително допринесува за неговата уникатност и елеганција.
Каминот поседува две целосно стаклени врати. Првата врата е со помали димензии и непосредно го затвара огненото ложиште, додека надворешната врата е со поголеми димензии и во целост ги прати контурите на предната страна на каминот.
Камините THERMOFLUX ELEGANCE, се дизајнирани за да го оправдаат своето име, имаат префинета елегантна линија (црно, бел) , со целосно црна боја од надвор, и на челикот и на стаклената врaта, која што е проѕирна во средината за да се постигне фантастичен ефект на живиот пламен, а вооквирена странично со матирана црна боја, додека од внатре каминот е целосно бел.
Ложиштето на Каминот ELEGANCE е изработено од специјален материјал бел вермикулит, кој што дава уникатна естетика, но пред се во преден план е неговата функционалност.
Вермикулитот има својство на така наречено “впивање (задржување во себе) на огнот ” односно мултиплицирање на топлинската енергија во самото ложиште со што допринесува за зголемување на ефикасноста на каминот.
Воедно вермикулитот прави и дополнително апсорбирање на CО2 честиците со што се максимизира еколошкиот момент на Каминот.
Камините ELEGANCE имаат вграден специјален механизам (најново достигнување на технологијата на греење на пелети) наречен ВЕНТУРА кој што овозможува идеално разгорување, дозирање на пламенот, како и целосен баланс на издувните гасови на каминот со отсисните притисоци на класичен или импровизиран оџак; со што се овозможува максимално согорување на пелетите.
Чистењето и одржувањето на Камините ELEGANCE, е максимално едноставно, не бараат речиси никаков ангажман. Каминот има вграден механизам за целосно автоматско чистење, со кој самиот ја истресува чашката во ложиштето каде што горат пелетите складирајки ја пепелта во посебна поголема комора.
За да бидат функционалноста и естетиката потполни Камините THERMOFLUX ELEGANCE имаат вградена интелигентна автоматика од најнова генерација и систем на термо-осетни (температурни) сонди;
Софистицираноста и прецизноста на автоматиката на Каминот THERMOFLUX ELEGANCE му овозможува да работи од 30%- 100% од неговиот капацитет и да ги прати енергетските потреби на самиот објект,
односно трошат само онолку пелети колку што е реално потребно за да ја постигнат саканата температура во куќата, онаа температура која што Вие сте ја задале, а потоа го намалуваат интензитетот на својата работа.
Со што Ви овозможуваат максимална економичност и минимална потрошувачка на пелети за загревање на просторот.
Ракувањето со камините е потполно автоматско, според параметрите кои ке ги зададете автоматски палат и гасат.
Автоматиката дава можности за многу прецизно и детално регулирање на палењето и гаснењето на каминот, со дневен и неделен временски термостат (дури и до 56 времиња, односно 28 интервала неделно).
Откако каминот ќе ја постигне саканата собна температура, онаа која вие сте ја задале, ја загаснува односно сведува на минимум својата работа (го намалува пламенот) се до следниот регистриран пад на температурата кога повторно се појачува и тоа само онолку колку што е потребно за повторно да ја постигне зададената температура, со оваа прецизност на автоматиката Каминот ELEGANCE прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите).
THERMOFLUX котлите и камините на пелети се единствени на пазарот по својата огромна СЕРТИФИЦИРАНА ефикасност и практичност. Ефикасноста изнесува високи и до 96%, со што Ви прават огромна заштеда на енергенсот (пелетите).
Предност на камините е и термостатската сонда додадена на оџакот (која е поврзана со автоматиката на котелот), а која спречува загуба на топлина преку издувните гасови односно низ оџакот, со што се зголемува ефикасноста на самиот камин.
Камините се еколошки, CO2 неутрални, не испуштаат речиси никаков чад низ оџакот.
https://www.thermoflux.ba/
https://www.thermoflux.ba/kamini/elegance/
Сите Котли и Камини од брендот THERMOFLUX се со повеќегодишен докажан квалитет, а сертифицирани се со ТÜV ТHÜRINGEN сертификат за квалитет на техничкиот универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien), ISO и DIN Сертификат, како и CE Сертификат. Од 2016 година уште една потврда на квалитетот на THERMOFLUX Котлите и Камините е и реномираниот Сертификат кој го доби фабриката, TUV NORD.
На меѓународниот саем за HVAC техника (греење и климатизација) ISH во Франкфурт, Германија, THERMOFLUX постигна огромен успех, во конкуренција со најпрестижни европски брендови, доби награда прво место за дизајн и иновативност.
Оваа престижна награда THERMOFLUX во Франкфурт ја има добиено два пати, во 2015 и во 2019 година.
Камините THERMOFLUX ELEGANCE се со 5+1 годишна гаранција на телото на Каминот и 2 годишна гаранција на електрониката.
We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more