Топлинските пумпи се уреди со многу висока ефикасност, кои црпат енергија од околината. Енергијата што ја користи топлинската пумпа од природата, за 1 kW електрична енергија, обезбедува 3 до 5 kW топлинска енергија. Таа енергија е независна од фосилните горива и придонесува за намалување на CO2, а со тоа и за зачувување на природата. Покрај греењето и обезбедувањето на топла вода, топлинската пумпа, може и да лади, што и е голема предност во однос на традиционалните системи за греење. Нема потреба од монтажа на оџак. За монтажа на пумпата доволен е простор само од 1м2. Достапни се во моноблок верзија (10 kW до 32 kW) и сплит верзија (10 kW do 19 kW). За поголема исплатливост, се препорачува поврзување со системи за греење на ниски температури (греење на подот, ѕидот и таванот).
Топлинските пумпи од реномираниот бренд ThermoFLUX, во себе имаат интегрирани PANASONIC EVI Technology со Двостепени ротациони компресори со подобрена технологија на вбгриздување, со што се овозможува топлинската пумпа да работи стабилно и при многу ниски надворешни услови:
-Сплит Топлинските пумпи работат во ранг од -25C до +45C, надворешна температура и класифицирани се во А+++ Енергетска Класа
-Сите модели на ThermoFLUX топлински пумпи, користат R410 фреон.
Табела технички карактеристики за моноблок и сплит
Конструирани се со DC Inverter “brushless” вентилатор, со што ThermoFLUX топлинските пумпи кога работат имаат исклучително низок степен на бучавост.
За добивање на врвни перформанси во однос на регулацијата, во ThermoFLUX топлинските пумпи е инкопрорина префинета CAREL автоматика.
ThermoFLUX топлинските пумпи, како сплит така и моноблок моделите, поседуваат напреден паметен систем на одмрзнување (defrost), со што е за многу скратено временто на овој циклус и се обезбедува поголема заштеда на електрична енергија.
ThermoFLUX топлинските пумпи се карактеризираат со исклучително високо COP, со што овозможуваат голема заштеда на енергија при нивното користење.
https://www.thermoflux.ba/toplotne-pumpe-2/
We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more