pelling/pelling kotel 01

Jачини: 25кW, 35кW, 40кW, 50кW, 75кW и 100кW

Котлите на пелети THERMOFLUX, модел PELLING се компактни котли изработени по најстрогите европски норми и стандарди за квалитет ЕN 303 – 5 : 2012 и се рангирани во највисоката класа на котли на пелети, престижната Класа 5. Ви овозможуваат греење на пелети кое никогаш нема да ве изневери, котли на пелети од највисока европска класа.

Настанат е како резултат на соработката на инженерите на THERMOFLUX со реномирани институти во Германија и Австрија.
Предност на Котлите THERMOFLUX PELLING е и нивната исклучително паметно осмислена конструкција, така што и покрај тоа што се компактни котли на пелети и примарно конструирани за работа на пелети; поради нивната уникатна конструкција, освен на пелети Котлите THERMOFLUX PELLING можат да работат како алтернатива и на други енергенси: гас, нафта, семки од плодови. 

Котлите THERMOFLUX PELLING се компактни и комплетни со внатрешно вграден бренер, резервар за пелети, комплетна автоматика со сонди, вентилатор, моторедуктор (дозатор на пелети), термостатска сонда додадена на оџакот која што не дозволува загуба на топлина низ оџак, цевни изменувачи со спирални турбулатори.
 
Сите котли и камини од брендот THERMOFLUX се со повеќегодишен докажан квалитет, а сертифицирани се со ТÜV ТHÜRINGEN сертификат за квалитет на техничкиот универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien),ISO и DIN Сертификат, како и CE Сертификат.
Oд 2016 година, уште една потврда на квалитетот на Котлите и Камините THERMOFLUX е и Сертификатот ТÜV NORD.
 
На меѓународниот саем за HVAC техника (греење и климатизација) ISH во Франкфурт, Германија, THERMOFLUX постигна огромен успех, во конкуренција со најпрестижни европски брендови, доби награда прво место за дизајн и иновативност. 
Оваа престижна награда THERMOFLUX во Франкфурт ја има добиено два пати, во 2015 и во 2019 година.

Гаранцијата за Котлите THERMOFLUX PELLING е 5 години на котелот и неговите делови и 2 години на неговата електроника.

pelling/pelling kotel 02

Котлите THERMOFLUX PELLING конструирани се на принцип на тропромаен котел, со три високи промаи (циркулации на топлинската енергија од согорувањето) појачани со челични спирални турбулатори додадени во цевните изменувачи.

Ваквата конструкција на котлите ја зголемува површината преку која се пренесува топлината на водата во инсталацијата со што се овозможува максимално искористување на топлинската енергија од пламенот и гасовите кои се создаваат при согорувањето на пелетите, а воедно се смалува температурата и брзината на издувните гасови. 

Поради овие карактеристики и Компактниот тип на конструкција Котлите THERMOFLUX PELLING имаат далеку поголема ефикасност и искористеност од другите класични котли. 
Имаат висока СЕРТИФИЦИРАНА Ефикасност од 92-94 % и голема економичност, со што овозможуваат греење со минимална потрошувачка на енергенсот, пелетите
Втората функција на спиралните турбулатори е на крајот од грејната сезона да го помагаат и одржувањето (чистењето) на котелот.

Котлите се одлично изолирани и целиот топлински капацитет го предаваат на инсталацијата (радијаторска или подно или фенкојлерска) и ништо не зрачат во околината, односно нема непотребно губење на топлина во просторот каде што се сместени (на пример котлара, гаража, визба, подрум).

Котлите имаат имаат вградена интелигентна автоматика од најнова генерација и систем на термо-осетни (температурни) сонди; така што ракувањето со нив е потполно автоматско, според параметрите кои ке ги зададете автоматски палат и гасат, а можат да се поврзат и со собен термостат, за поедноставна и пофина регулација. 

Софистицираноста и прецизноста на автоматиката на Котелот THERMOFLUX PELLING му овозможува да работи од 30%- 100% од неговиот капацитет и да ги прати енергетските потреби на самиот објект, односно трошат само онолку пелети колку што е реално потребно за да ја постигнат саканата температура во куќата, онаа температура која што Вие сте ја задале, а потоа го намалуваат интензитетот на својата работа.

Автоматиката дава можности за многу прецизно и детално регулирање на палењето и гаснењето на котелот, со дневен и неделен временски термостат (дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гаснење). 

Откако котелот ќе ја постигне саканата собна температура, онаа која вие сте ја задале, ја загаснува односно сведува на минимум својата работа (го намалува пламенот) се до следниот регистриран пад на температурата кога повторно се појачува и тоа само онолку колку што е потребно за повторно да ја постигне зададената температура, со оваа прецизност на автоматиката Котлите PELLING прават штедење на енергенсот (пелетите).
 
Потрошувачката на пелети со Котлите THERMOFLUX PELLING е многу помала отколку при греење со други котли, Ви овозможуваат максимален комодитет и економичност со минимална потрошувачка на пелети за загревање на просторот, односно голема заштеда за време на грејната сезона.

Уште една предност на THERMOFLUX PELLING Котлите е и тоа што на самиот оџак на котелот е додадена термостатска сонда (која е поврзана со автоматиката на котелот), а која спречува загуба на топлина преку издувните гасови односно низ оџакот, со што се зголемува ефикасноста на самиот котел.

Котлите се еколошки, CO2 неутрални, не испуштаат речиси никаков чад низ оџакот.

https://www.thermoflux.ba/kotlovi/pelling/
https://www.thermoflux.ba/

Управување по пат на интернет
Како дополнителна опрема може да се додаде модул или WiFi собен термостат за спојување по пат на интернет којшто е компатибилен со сите Android, iOS и Windows уреди. Корисникот на котелот може преку апликација на својот мобилен телефон да има потполна контрола над котелот ( уклучување, исклучување, менување на јачината на работа на котелот, температурата како и негово програмирање).
Поврзување со екстерен ( амбиентален / собен ) термостат 
Исто така можно е и многу често се изведува, на котелот да се поврзе надворешен (екстерен) собен термостат, со помош на кој автоматиката ја контролира работата на котелот и температурата на водата на основа на саканата амбиентална (собна) температура.
*Бидејќи Котлите и Камините (печките) на пелети THERMOFLUX се со врвни перформанси и сертификати и имаат висок коефициент на ефикасност од 94 %, влезени се во GEFF Лигата за субвенционирање од страна на Европска Банка (Фондови од Европска Унија). Така што имате можност да добиете сигурна субвенција за нив, а поради котлите / камините под субвенција влегува и пропратната инсталација поврзана за нив.

pelling/pelling kotel 03

We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more