vivax/vivax toplinski pumpi 01
Хрватски производ VIVAX е на Хрватскиот пазар од 2004 година. Денес во својот асортиманот има повеќе од 250 различни производи.

Производствената мисија на VIVAX е со едноставна, иновативна и квалитетна технологија да се овозможи потполно опремување на домот.

Една од производните групи на VIVAX се и топлинските пумпи.

Најважното нешто на секој дом е наоѓање идеално решение за ладење и греење кое ќе биде најефикасно и најефективно и ќе има најниски трошоци. Секое домаќинство посакува да има идеална температура во текот на целата година, независно oд тоа дали температурите се екстремно ниски или летните горештини го достигнуваат врвот.

Топлински пумпи VIVAX, можат да понудат вистински решение на овие желби. Со тоа може да го претворат домот во вистинска оаза на удобност со совршена температура во текот на целиот ден, секој ден.

Обновливите извори на енергија се иднината на ладење, греење и топла вода во домот во текот на целата година. Брзото темпо на живот и секојдневните промени кај технологијата бараат компаниите за бела техника секојдневно да ги приспособуваат своите производи според потребите и барањата на потенцијалните потрошувачи. 

Како работат VIVAX топлинските пумпи?


Користејќи ги обновливите извори на енергија, топлинските пумпи работат по принципот размена на енергија. Обновливата енергија се наоѓа насекаде околу нас, како што се сончевите зраци, воздухот и подземните води. Топлинските пумпи ја црпат топлината од околните извори за да произведат енергија за домаќинството, која се користи како замена на електричната енергија.

Самиот уред е составен од неколку основни делови, односно експанзиски вентил, испарувач, компресор, кондензатор и сплит-систем со надворешна единица и хидронска кутија. Системот за работа на VIVAX топлинските пумпи ја дава најефикасната и најекономична алтернатива за добивање електрична енергија користејќи ги обновливите природни ресурси. Единиците на топлинската пумпа преку користење на топлината од околниот воздух и сончевите зраци овозможуваат ладење, греење и топла вода во домот, а со тоа значително влијаат за намалувањето на загадувањето на природата.
vivax/vivax toplinski pumpi 02
Зошто VIVAX топлинските пумпи се чудо од технологија за секој дом?


Секој од нас посакува идеална температура во домот и затоа главна преокупација ни е начинот на ладење, односно греење. Она што топлинските пумпи на VIVAX го нудат како решение е ефикасно греење во зима и исклучително штедливо ладење во летниот период.

Намалување на трошоците за греење и ладење до 75%, е една од најважните придобивки од инвестирањето во VIVAX топлинските пумпи. Со самото поставување на модерната инсталација за греење и ладење, која не зафаќа голем простор, секое домаќинство се вклучува во намалувањето на емисијата на CO2 честичките и придонесува за заштита на природната околина.
vivax/vivax toplinski pumpi 03
Едноставното одржување на системот за работа на топлинските пумпи, кој треба да се проверува барем еднаш годишно, и безбедниот систем при кој работат пумпите, даваат уште една голема причина зошто е идеално секое едно домаќинство да инвестира во овој модерен и долготраен уред. Автоматизираниот систем за работа на VIVAX топлинските пумпи дава голем комфор при управувањето, а можноста за дигитализирање на целиот систем ни овозможува регулирање на работата на уредот од мобилен телефон.

Можноста топлинските пумпи VIVAX да се поврзат со голем дел од уредите во домот, како што се подно греење, радијаторите, бојлерите за греење на вода и слично, овозможуваат постигнување на совршена температура во домот во текот на целата година. Опцијата за WiFi поврзување дава можност за контролирање на работата на топлинската пумпа VIVAX, односно регулирањето на температурата во домот може да се прави едноставно преку мобилниот телефон, од кое било место со интернет-конекција. Преку опцијата на мобилниот телефон, сега едноставно може да се провери состојбата на работата на уредите во домот кои се поврзани со топлинската пумпа, да се намести температурата, посебно во секоја соба од домот, да се сетира режимот на работа и доколку се појави некој дефект, информациите за истиот да се појават како известување на мобилниот телефон.

Времето кога уредите во домаќинството се контролираа преку далечински управувач полека поминува. Грижите за тоа дали домот ќе биде топол или ладен кога се враќаме од работа или прошетка се веќе минато. Сега само со еден клик на мобилниот телефон може да ја наместиме температурата која сакаме да ја имаме кога ќе се вратиме дома.

Брошура

We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more