PEPKAN ПАНЕЛНИ РАДИЈАТОРИ

ТИТАНИ МЕЃУ ПАНЕЛНИТЕ РАДИЈАТОРИ

Pekpan visok/Pekpan visok

Фабриката за производство на панелни радијатори PEKPAN е основана во далечната 1969 год.
PEPKAN панелните радијатори се висока класа на панелни радијатори, со полни конвектори во внатрешноста, кои одат по цела, полна должина на радијаторот (од горе до долу) поради што имаат голема сила на загревање. Изработени се со најсовремен, компјутерски контролиран и потполно автоматизиран производен процес, по сите европски и светски стандарди CE, EN 442, ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, TSE, GOST – R, UKR – SEPRO, а тестирани се и на Политехничкиот Универзитет во Милано ( Politecnico di Milano) каде што се потврдени вредностите од Техничкиот каталог.
Со радијаторите како гратис доаѓа комплетен сет за приклучување составен од: штопни, вентили за воздух, држачи (галванизирани конзоли), завртки и типли.
Тестирани се на притисок од 13 bar, а работен притисок им е 10 bar.
Едноставно кажано PEKPAN панелните радијатори се “НАПРАВЕНИ ДА ТРААТ” подолго од сите очекувања.
PEKPAN радијаторите имаат врвна антикорозивна заштита со нано-технолошки тестирана површина со циркониум. Во процесот на фарбање, се применува техника на троструко одмастување, катодно темелно фарбање, еколошка боја на водена база RAL 9016 -епоксиден полиестер со електростатско нанесување.
Оваа дополнителна заштита против корозија и исклучителна фарба, ги прави PEKPAN панелните радијатори уникатни и овозможува долги години радијаторите да останат чисто, бисерно бели какви што се.
PEKPAN се единствени турски радијатори кои се извезуваат во Америка и Велика Британија. Воедно, PEKPAN има извоз и низ цела Европа (вклучително Германија, Шветска, Франција, Италија, Белгија, Унгарија и др.), Русија и Азија.


Pekpan visok/Pekpan visok 01

PEKPAN VERTICAL радијатори со естетски вградени вертикални линии
Кои се згодни за поставување на места каде што просторот не дозволува (не дава можност) да се оди со поставување на радијатор во должина, но мора да се оди со висина, или пак онаму каде што се сака доловување на висока естетика и модерен, уникатен дизајн, така што радијаторот PEKPAN Model VERTICAL, не само што го загрева просторот, воедно претставува и украс во просторот, создавајќи одличен амбиент.

Каталог 1

Каталог 2

We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more