Фабриката за производство на панелни радијатори PEKPAN е основана во далечната 1969 год.
PEPKAN панелните радијатори се висока класа на панелни радијатори, со полни конвектори во внатрешноста, кои одат по цела, полна должина на радијаторот (од горе до долу) поради што имаат голема сила на загревање. Изработени се со најсовремен, компјутерски контролиран и потполно автоматизиран производен процес, по сите европски и светски стандарди CE, EN 442, ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, TSE, GOST – R, UKR – SEPRO, а тестирани се и на Политехничкиот Универзитет во Милано ( Politecnico di Milano) каде што се потврдени вредностите од Техничкиот каталог.
Со радијаторите како гратис доаѓа комплетен сет за приклучување составен од: штопни, вентили за воздух, држачи (галванизирани конзоли), завртки и типли.
Тестирани се на притисок од 13 bar, а работен притисок им е 10 bar.
Едноставно кажано PEKPAN панелните радијатори се “НАПРАВЕНИ ДА ТРААТ” подолго од сите очекувања.
PEKPAN радијаторите имаат врвна антикорозивна заштита со нано-технолошки тестирана површина со циркониум. Во процесот на фарбање, се применува техника на троструко одмастување, катодно темелно фарбање, еколошка боја на водена база RAL 9016 -епоксиден полиестер со електростатско нанесување.
Оваа дополнителна заштита против корозија и исклучителна фарба, ги прави PEKPAN панелните радијатори уникатни и овозможува долги години радијаторите да останат чисто, бисерно бели какви што се.
PEKPAN се единствени турски радијатори кои се извезуваат во Америка и Велика Британија. Воедно, PEKPAN има извоз и низ цела Европа (вклучително Германија, Шветска, Франција, Италија, Белгија, Унгарија и др.), Русија и Азија.
Освен моделот COMPACT, во нашиот продажен програм ги имаме и радијаторите PEKPAN Model VENTILE COMPACT
PEKPAN панелни радијатори Мodel Ventile Compact, претставуваат модел на панелни радијатори со внатрешно излеана успонска цевка (by-pass), со што се избегнува надворешно (покрај радијаторот) поставување на успонска цевка со успонски вентил. Исто така, на тој начин се избегнува “шлицање” (вкопување) на алупласт цевките во ѕидот.
Со моделот на радијатори PEKPAN Ventile Compact кои се со 6 отвора, се избегнува успонска цевка и пропратни успонски вентили чија цена е минимум 30 евра, така што во вкупната пресметка за инсталацијата, иако моделот Ventile Compact е поскап за малку од моделот Compact, тоталот на пресметката излегува помал.
Изведбата со PEKPAN Model Ventile Compact радијатори изгледа многу поубаво и е многу пофункционална, бидејќи се гледа само радијаторот и евентуално поставена на него термостатска глава. А во однос на функционалноста, протокот на вода (односно топлинска енергија) во инсталацијата е многу побрза и без никакви отпори, во споредба со инсталацијата каде има успонски (by-pass) вентили и успонски цевки покрај радијаторите.
We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more