На новата генерација на Топлински Пумпи PANASONIC AQUAREA најмногу до сега е даден акцент на максимална ефикасност во однос на греењето.
Новите достигнувања и технологии кои што се применети при креирањето на оваа нова генерација на топлински пумпи INVERTER Технологија им овозмозуваат да поседуваат екстремно висок коефициент на корисност (COP) - А++ и А+++ енергетска класа.
Со што AQUAREA Топлинските Пумпи од брендот гигант PANASONIC овозможуваат уште поголема заштеда на енергија при греењето и разладувањето на Вашиот дом или деловен објект.
PANASONIC Топлинските пумпи ги поседуваат врвните Европски Сертификати за квалитет издадени од престизниот Европски Институт EUROVENT, како и од многу други реномирани Европски и Светски Институти за докажување на квалитетот на производите кои што се наведени во приложените каталози.
PANASONIC е исклучително популарен светски бренд, глобално познат; целокупниот ранг на топлинските пумпи PANASONIC се дизајнира исклучиво во Јапонија.
PANASONIC AQUAREA Топлинските Пумпи ја имаат освоено наградата Good Design Award во 2017 Година која што е меѓу најважните награди за дизајн и квалитет на производите. Се е дизајнирано во самиот PANASONIC, без соработка со други надворешни компании.
Освојувањето на оваа награда ја нагласи фантастичната изведба и заштеда на енергија на Внатрешната единица, а воедно чистиот дизајн и функционалност на тие единици ја прави линијата PANASONIC AQUAREA идеален систем за примена во резиденцијалните (домашните) објекти, куки.
PANASONIC Топлинските Пумпи се произведуваат со двостепени TWIN ROTARY Tip на COMPRESSORI, кои што се карактеризираат со исклучително висока моќност.
Компресорите се INVERTER DC МОДУЛИРАЧКИ COMPRESSORI карактеризирајки се со висок степен на модулација од 30% до 130%, што ги прави максимално ефикасни и прилагодливи на различни услови и температурни разлики.
Топлинските пумпи на PANASONIC AQUAREA H GENERATION High
Performance ДОСТИГНУВААТ COP и до 5,08. Се класифицирани во високата енергетска класа за топлински пумпи А++, а при инталации со подно греење се класифицираат во највисоката А +++ Енергетска Класа.
Со што Ви овозможуваат максимален комфор со максимална заштеда на енергија.
Една од главните одлики на PANASONIC Топлинските пумпи им е неверојатното ниво на перформанс, греење со произведување на топла вода со излезна температуре и до 60⁰ C дури и при многу ниски надворешни температури од -20⁰ C / -28⁰ C, како и ладење и при екстремно високи надворешни температури.
PANASONIC AQUAREA Топлинските пумпи се докажани дека можат да работат и при надворешни температури и до -28⁰ C. При што одржуваат стабилна температуре без никакво уклучување на електричен греач и при исклучително ниски температури.
Поседуваат:
- Можност за работа во 2 температурни зони (вентилконвектори / радијатори / подно греење / санитарна топла вода).
- Екстремно тивка работа на надворешната единица.
- Можност за приклучок на соларни панели.
Гарантниот рок за PANASONIC топлинските пумпи е 5 години (60 месци) на компресорот и 2 години (24 месеци) на електрониката;
Линк до Генералниот Каталог од PANASONIC AQUREA Топлинските Пумпи:
https://www.panasonicproclub.com/uploads/HU/catalogues/EU%20General%20Catalogue%2019%20Master%20PSEE.pdf
Видео презентации со интересен опис на PANASONIC AQUAREA Топлинските Пумпи:
Каталог PANASONIC AQUAREA_На Македонски
Поради исклучителните перформанси на топлинската пумпа PANASONIC AQUAREA и високото COP, влезени се во GEFF Лигата за субвенционирање од страна на Европска Банка (Фондови од Европска Унија). Така што имате можност да добиете сигурна субвенција за нив, како и субвенција за пропратната опрема поврзана за Топлинската Пумпа, а и можност за отплата на рати.
Субвенцијта Европска Банка ја дава како процент од вкупната инвестиција, 15%-20% од вкупната сума.
Овие субвенции важат за сите жители на Македонија.
Субвенцијата, Европска Банка Ви ја исплаќа на Ваша трансакциска сметка.
We use cookies and analytics software to provide you with a better user experience. By continuing to use this website, you consent to our use of these cookies. Learn more